Индустријата за градежни материјали работи со половичен капацитет
Објавено на од во Економија

Индустријата за градежни материјали работи со половичен капацитет, а вештачки пречки го кочат развојот на оваа инаку многу перспективна индустрија. Бизнисмените се согласни дека спасот треба да се гледа кон вртење на градежништвото надвор од македонските граници, но и дека државата треба да им ги даде правата кои ги заслужуваат на домашниот пазар.

Индустријата на градежни материјали е веројатно една од најосетливите гранки која и најповеќе реагира на сите економски, но и политички потреси во своето опкружување. Бизнисмените директно инволвирани во оваа област се децидни дека моменталните актуелни случувања врзани со економската криза на европско ниво но и домашните политички случувања и тоа како влијаат и на оваа индустрија која користи многу низок процент од својот реален потенцијал.

Дејан Георгиевски од компанијата Литинг од областа на инженерството и продажбата на термопластични материјали потенцира дека оваа индустрија во Македонија работи со 50% од своите капацитети.

„Ние во нашата индустрија работиме само со 50%. Тоа најдобро го согледуваме преку честите контакти со партнерите од Германија кои немаат време ниту кафе да се напијат од многуте нарачки кои ги имаат. Кај нас за жал работите се поинакви. Чекаме големи проекти како што беше стадионот, обиколницата или слично инаку немаме начин да го искористиме нашиот полн капацитет“, вели Георгиевски.

Неговиот колега Славчо Мушкарски од компанијата за прозорци и врати Лесна објаснува дека за оваа индустрија да го достигне својот полн потенцијал потребна е целосна економска, но и политичка стабилност на пазарите на кои функционира.

„Секоја економска или политичка несигурност со која се соочуваме ја става нашата индустрија во фаза на една забавеност и притаеност бидејќи во такви услови луѓето потешко се одлучуваат да влезат во некоја позначајна инвестиција т.е. таквата одлука ја одложуваат за подоцна што директно се одразува во нашето работење.

Годинешното “задоцнето” будење на градежната сезона е најдобар доказ за тоа.

Вештачки пречки го кочат развојот

Бизнисмените потенцираат дека во реалноста економската состојба не е баш таква каква што генерално медиумски ни се сервира.

Мушкарски додава дека беспарицата предизвикува од една страна одложување или забавување на инвестициите, но и од друга страна до наплив на стоки со низок квалитет и сомнително потекло чија единствена конкурентна предност е што пониската цена.

„Се прават почетни чекори во промовирање на некои стандарди, (сега станува тренд да се зборува за енергетска ефикасност), но во пракса тоа реално бавно се одвива. Исто така тешката наплата е секогаш дежурна тема за разговор. И секако да не ја одминеме и политиката која постојано не става во улога на воајери, набљудувачи на случувањата околу нас без некоја реална моќ да повлијаеме врз некоја позитивна промена“.

Дејан Ѓоргиевски смета дека постојат начини како да се стимулира оваа индустрија со огромен потенцијал, но дека тие се уште не се применуваат адекватно.

„Едноставно кажано доколку македонските компании од оваа индустрија би ги добивале прилогпривилегиите кои ги имаат странските инвеститори во Македонија, со овој потенцијал кој го имаме, целата индустрија може да има многу голем раст.На пример една фирма која инвестира од Турција во Македонија добива барем 20-30% од инвестицијата извозни субвенции и уште толку субвенции зошто инвестира во Македонија. Што значи дека ни конкурира со 50% поевтин производ од старт. Тоа е навистина голема разлика која полека мора да се корегира“.

Градежништвото мора да се врати надвор од македонските граници!

Сепак на крај сите контактирани страни се согласија со една работа дека долгорочно индустријата за градежни материјали, и општо целата градежна индустрија, мора да се посвети на изнаоѓање пазари надвор од границите на Македонија и регионот бидејќи можностите на овие простори секогаш ќе се барем делумно ограничени во однос на подалечните пазари.
„Реално да гледаме Македонија е мал пазар. Ако кај нас за добар резултат се сметаат неколку стотини или илјади продадени или вградени единици од некој производ, во една Германија истото се брои во милиони. Значи некои ограничувања се природни и не можеме да ги промениме. Сепак во услови на една попозитивна клима на функционирање оваа индустрија има потенцијал за солиден раст па дури и за надминување на локалните граници. Некогаш наши градежни фирми учествуваа на меѓународни тендери и проекти, денес е најголем дострел да се добие дел од колачот на домашните државни инвестиции“, објективно констатира Славчо Мушкарски од компанијата Лесна.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×