Индустријата за марихуана во САД доживува вистински бум
Објавено на од во Економија

Индустријата за марихуана во САД станува една од најбрзо растечките индустрии, кои имаат значителен придонес рз американската економија.
Marihuana

Откако 10 сојузни држави ја легализираа марихуаната за рекреативна употреба, додека 33 држави ја легализираа медицинската употреба на марихуаната, статистиката покажува дека прометот во индустријата за марихуана надминува 52 милијарди долари и 76% зголемување на бројот на вработени во овој сектор.

Податоците покажуваат дека придонесот на легалната индустрија за марихуана во 2017 година се движел помеѓу 20 и 23 милијарди долари. Проценките се дека до 2022 година придонесот од бизнисот со марихуана би можел да достигне 77 милијарди долари. Колку за споредба, оваа бројка е споредлива со брутодомашниот производ (БДП) на Ајдахо или Западна Вирџинија.

Американската индустрија за марихуана вработува најмалку 250 илјади луѓе, и тоа се само работни места кои се директно поврзани. Некои студии покажуваат дека индустријата поврзана со марихуана ќе вработува најмалку 330 илјади луѓе до 2020 година, што е повеќе од бројот на работни места во американските челичарници.
Статистичките податоци покажуваат дека просечната годишна плата на работниците во индустријата за марихуана во 2018 година била 58.511 долари, што е 10% повеќе од просечната плата на американскиот работници од 52.863 долари.
Само во текот на 2018 година во американската индустрија за марихуана се инвестирани над 10 милијарди долари. Тоа е двојно поголем износ во однос на вкупните инвестиции во претходните три години.

Експертите проценуваат дека инвестициите во овој сектор годинава ќе достигнат 16 милијарди долари.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×