Индустриските и трговските претпријатија најголеми учесници во стоковната размена
Објавено на од во Економија

Претпријатијата од индустријата и трговијата ја реализираат најголемиот дел од вкупната стоковна размена на земјава со странство.

евраПодатоците на Државниот завод за статистика покакажува дека во 2017 година 90,4 отсто од вкупната стоковна размена е направена во овие два сектора.

Суфицитот во размената на стоки е генериран главно од претпријатијата што му припаѓаат на секторот индустрија, а дефицитот од претпријатијата што припаѓаат на секторот трговија.
Околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 50 претпријатија.
На страната на извозот, кај претпријатијата што се јавуваат како извозник и увозник истовремено, највисока вредност на извозот е реализирана од претпријатијата од секторот индустрија 88,4 отсто од вкупниот извоз. На страната на увозот се забележува истата појава, односно 53,3 отсто од вкупниот увоз е реализиран од претпријатијата од секторот индустрија што се јавуваат како увозник и извозник истовремено.
На страната на извозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија 51,6 отсто, а во создавањето на вкупната вредност во секторот трговија учествуваат со 34,9 отсто. Големите претпријатија, покрај нивното незначително учество од 2,9 отсто во структурата според бројот на претпријатија, во создавањето на вкупната вредност во секторот индустрија учествуваат со 78,7 отсто.На страната на увозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија 63,1 отсто, а во создавањето на вкупната вредност во секторот трговија учествуваат со 26,3 отсто. Големите претпријатија, покрај нивното незначително учество од 1,6 отсто во структурата според бројот на претпријатија, во создавањето на вкупната вредност во секторот индустрија учествуваат со 73,4 отсто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×