Индустриското производство од почетокот на годинава со раст од 4,8%
Објавено на од во Економија
Индустриското производство вкупно за периодот јануари-јуни годинава има раст од 4,8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
инд проГледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст од 5,2%, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,7%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 34,3%.
Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во производството на прехранбени производи, на пијалаци, тутунски производи, облека, кожа и слични производи од кожа, метали, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и производство на компјутерски, електронски и оптички производи.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај енергијата за 29,9 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 2,6%, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 4,7%, капитални производи за 3,1% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,1%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×