Инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво од 2009 година!
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво од 2009 година досега, додека невработеноста останува на двоцифрено ниво. Според последните податоци кои денес ги објави Евростат, годишната стапка на инфлација во 19 земји членки на еврозоната во јануари изнесуваше -0,6%, што е дополнително намалување во споредба со инфлацијата од -0,2% која беше забележана во декември минатата година.

Невработеноста во еврозоната во декември изнесуваше 11,4%.

Вториот последователен пад на инфлацијата во еврозоната е само уште еден доказ за исправноста и потребноста на потегот кој неодамна го превзеде Европската централна банка за вбризгување на 1,1 илјада милијарди евра пари во економијата на еврозоната.

Овие податоци ги поткрепуваат тврдењата на економистите дека еврозоната е веќе во дефлација, состојба во која потрошувачите ги одложуваат купувањата бидејќи очекуваат цените понатаму да паѓаат. Кога потрошувачката се намалува, компаниите зарработуваат помалку приходи и се соочуваат со притисоци да отпуштаат работници и да намалуваат плати, поттикнувајќи го маѓепсаната пирала на намалување на економската активност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×