Инфлацијата во еврозоната во јули намалена до 1,1%
Објавено на од во Економија
Годишната инфлација во еврозоната е намалена до најниското ниво во последната 1,5 година, пред се, како резултат на послабиот раст на цените на енергенсите и на услугите, покажуваат првичните податоци на Евростат, што веројатно ќе ги засилат пазарните очекувања дека Европската централна банка (ЕЦБ) на редовното заседание, во септември, ќе преземи нови стимулирачки мерки во економијата и инфлацијата, пренесоа западните медиуми.
еурознеИндексот на потрошувачките цени (CPI) во еврозоната во јуни, очекувано, нарасна со едвај 1,1 отсто на годишно ниво, по зголемувањето за 1,3 отсто во мај, а тоа е најниската инфлација во зоната од февруари 2018 година, кога таа, исто така, нарасна за 1,1 отсто.
Забавувањето на инфлацијата е резултат на многу слабото зголемување, за 0,6 отсто на цените на енергенсите, по нивното зголемување за 1,7 отсто еден месец претходно, и на повоздржанот раст на цените на услугите за 1,2 отсто, по зголемувањето за 1,6 отсто во  јуни.
Цените на храната, алкохолот и тутунските производи, пак, во јули нараснаа за два отсто по зголемувањето за 1,6 отсто во јуни
Податоците за натамошното намалување на инфлацијата нема да бидат поздравени од
ЕЦБ и ќе ги засилат очекувањата дека на заседанието во септември Централната банка ќе ги намали и без тоа своите рекордно ниски негативни камати и ќе ја рестартира програмата за купување еврообврзници, позната како „количински олеснувања“, која беше воведена кон крајот на 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×