Инфраструктурна офанзива против ударот од пандемијата
Објавено на од во МАГАЗИН

IMG_1157Како да се забрза економијата после Ковид – 19

Притисокот од негативните економски последици, но во исто време задржувајќи го здравјето на граѓаните како врвен императив, ги натераа властите и овде и ширум светот да размислуваат за омекнување на рестрикциите. Работата од дома можеби и ќе продолжи да биде практика во оние компании каде што е тоа можно, но одредени бизниси се во исчекување да се омекнат најрестриктивните мерки за движење на луѓето за да почнат да работат. Бидејќи цел свет е во иста каша, владите од повеќето земји, веројатно ќе го применат веќе проверениот начин на забрзување на економската активност со фискален стимул, односно повеќе пари од државните буџети.

 

Додека пандемијата со коронавирусот малку по малку стивнува, светот се подготвува да се врати во нормала, но соочен со една универзална вистина – животот после оваа пандемија ќе биде многу поразличен од претходно.
Маски, средства за дезинфекција на рацете и дистанца од најмалку два метра меѓу луѓето ќе бидат дел од новата нормалност, се додека ризикот од повторен бран на ширење на вирусот не се сведе на минимум со ефикасна терапија или вакцина.
Големото затворање како што го нарекоа меѓународните финансиски институции овој период на целосен карантин и полициски час во општеството веќе предизвика значителни економски штети. Индустриското производство во март се намали за 13,4% а извозот падна дури 26,8%. Се очекува падот да биде многу поостар во април кога пандемијата го достигна пикот а соодветно на тоа и рестрикциите за движење. Во овој период, околу 7.000 граѓани ги загубиле своите работни места.
Економската активност несомнено е намалена, па така рецесијата годинава е сосема извесна. Прогнозите се движат од пад на бруто домашниот производ од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.
Токму притисокот од негативните економски последици, но во истовреме задржувајќи го здравјето на граѓаните како врвен императив, ги натераа властите и овде и ширум светот да размислуваат за омекнување на рестрикциите.
Работата од дома можеби и ќе продолжи да биде практика во оние компании каде што е тоа можно, но одредени бизниси се во исчекување да се омекнат најрестриктивните мерки за движење на луѓето за да почнат да работат. Јасно е дека пандемијата не натера сите повеќе да ги користиме платежните картички за купување онлајн наместо кеш. Податоците на Народната банка покажуваат дека бројот на плаќања иницирани преку електронското банкарство во март е зголемен за околу 30% на годишна основа, што е многу повеќе во споредба со трендовите во претходниот период.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска, посочи дека според првичните податоци од платежната статистика, чијашто обработка е во тек, зголемено е користењето и на компјутерите и на мобилните телефони за извршување на плаќања. Во март, годишниот раст на плаќања извршени преку компјутер изнесувал околу 26,4%, додека претходно, минатата година во споредба со 2018 година, растот бил 5,4%. Истовремено, како што кажа гувернерката, бројот на плаќања преку мобилен телефон е зголемен за околу 45,5% на годишна основа. Од друга страна, забележан е пад од околу 7% на годишна основа кај плаќањата иницирани на хартија.
„Според првичните податоци, особено е изразен порастот на користењето на платежните картички за купување преку интернет, при што во март, бројот на трансакции е зголемен двојно во однос на истиот месец минатата година, а позитивни се трендовите и кај користењето на картичките на физичките места на продажба“, посочи Ангеловска-Бежоска.
Но некои навики на луѓето не се менуваат лесно. Тие секогаш ќе сакаат да патуваат, да пијат кафе во барови, да јадат во ресторани или пак да купуваат во шопинг центри.
Во очекување на одмрзнување на општествата, прашањето што си го поставуваат сега економистите е како да се забрза економијата после пандемијата?!
Бидејќи цел свет е во иста каша, владите од повеќето земји, веројатно ќе го применат веќе проверениот начин на забрзување на економската активност со фискален стимул, односно повеќе пари од државните буџети.
Економистите сугерираат најголем дел од парите од јавните приходи но и од задолжувањата, да се наменат за инвестиции во инфраструктура која ќе биде технолошки напредна и одржлива. Според процените, секое вложено евро, во патишта, железници, енергетски капацитети, училишта, носи поврат во економијата од 4 евра.
Препораките од Светскиот економски форум се главниот фокус при инвестициите во инфраструктура да биде на дигитализација на процесите, инвестирање во клауд компјутерски системи, потоа инвестиции во енергетска инфраструктура и обновливи извори на енергија, посебно добиена енергија од ветар и сонце, со кои ќе се намалат емисиите на гасови.
Исто така инвестиции и во социјална инфраструктура од која ќе имаат бенефит општествата, како училишта и подобри здравствени системи, кои ќе користат најнови и најнапредни техники и иновации што ќе можат да одговорат на новото време.
Во македонскиот буџет за годинава, за изградба на капитални објекти се планирани вкупно 386,5 милиони евра. Но извори од Владата велат дека оваа цифра ќе се зголеми, откако речиси сите меѓународни финансиски институции, како ММФ, Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската Комисија преку Фондот за солидарност, досега обезбедија заеми од 726,5 милиони евра. Дополнително, се планира задолжување и со еврообврзница.
Освен за капитални објекти, за поттикнување на домашната потрошувачка на краток рок, властите размислувале и за воведување повеќе видови субвенции за најзагрозените граѓани.
Ваквите мерки побрзо ќе ја вратат економијата на брза лента, па според процените последниот квартал годинава и следната година, растот ќе забрза и до 7%.
Ударот во април и потресите потоа
Според сите процени, најсилен удар од пандемијата ќе се отслика во статистиката за април, кога всушност рестрикциите за движење беа најригорозни. Засега, Агенцијата за вработување објави дека само во април, бројот на невработени се зголемил за 6.737 луѓе, а претходно во март се пријавиле 1.564 невработени, со што вкупната бројка за овие два месеца изнесува 8.301.
Претходно статистиката на Google забележа намалување на движењето на граѓаните до работните места за 82% што исто така беше сигнал дека голем дел од граѓаните ги загубиле своите работни места. А дека луѓето се соочуваат со голем предизвик како да се преживее оваа криза покажува и податокот дека дури две третини од граѓаните прифатиле одложување на ратите за кредитите, мерка што банките им ја понудија како помош во време на пандемија.
Кризата е очигледна и во реалниот сектор. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во март паднало за 13,4% споредено со истиот период лани, но се очекува овој пад да биде уште поостар во април, месецот кога се воведе и полициски час.
Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство има кај преработувачката индустрија од дури 14,3%. Во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството опаднало за 115%, додека во секторот рударство и вадење на камен индустриското производство бележи опаѓање од 10,8%.
Извозот во март, исто така е намален и тоа за дури 26,8%. По одделни производи, најголем пад има извозот на нафтени деривати и тоа за 18,8%, потоа следува машини и транспортни уреди каде што е евидентиран пад од 13,8% и хемиски и сродни средства каде што се смета и извозот на најголемата фабрика во земјава, Џонсон Мети, со намалување од 11,9%.
По земји, најголем пад на извозот има во Белгија и тоа 33,5%, потоа во Италија со 27,8% и Германија со намалување од 14,2%.
Овие трендови во реалниот сектор, се одразија и на темпото на полнење на државната каса.
Според Министерството за финансии, буџетските приходи во април изнесуваат 230,9 милиони евра, што претставува пад од 20% споредено со април минатата година, од кои даночните се намалени за 31% во однос на лани, додека пак кај придонесите нема разлика.

MEPSO nov trans. 1Економистите сугерираат најголем дел од парите од јавните приходи но и од задолжувањата, да се наменат за инвестиции во инфраструктура која ќе биде технолошки напредна и одржлива. Според процените, секое вложено евро, во патишта, железници, енергетски капацитети, училишта, носи поврат во економијата од 4 евра. Во македонскиот буџет за годинава, за изградба на капитални објекти се планирани вкупно 386,5 милиони евра. Но извори од Владата велат дека оваа цифра ќе се зголеми, откако речиси сите меѓународни финансиски институции, досега обезбедија заеми од 726,5 милиони евра. Дополнително, се планира задолжување и со еврообврзница. Освен за капитални објекти, за поттикнување на домашната потрошувачка на краток рок, властите размислувале и за воведување повеќе видови субвенции за најзагрозените граѓани.

„Со оглед на рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните, запирањето на економските активности или отежнувањето на некои синџири на набавка, падот на приходната страна е очекуван. Сепак, во основното сценарио кое Министерството за финансии го имаше направено на почетокот на оваа криза, таканареченото поповолно сценарио, проектираниот пад за април е повисок од реализираниот, односно изнесува 40% на даночните приходи. Ова значи дека имаме подобра наплата за 1,4 милијарди денари во однос на корона проекциите за април, односно нашето разработено сценарио може да се каже дека било поконзервативно или претпазливо“, изјави министерката Нина Ангеловска.
Најголемо натфрлање има кај данокот на добивка.
Остар економски пад до јуни и брзо закрепнување потоа
Министерката за финансии нагласи дека согласно резултатите за март и април, како и проекциите за светските економии и нашите најголеми трговски партнери, веќе е појасна сликата и може да се излезе со проекција за економскиот раст согласно основно сценарио.
„Гледаме дека и многу поразвиени економии, како САД и Германија, очекуваат значајно забавување на економиите годинава, односно негативен економски резултат. Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд за нив се -5,9% и -7% респективно, додека за цела Европска Унија 7,1%. За македонската економија ММФ проектираше -4% на почетокот на април. На крајот на април, Светска банка за земјава проектираше забавување на економската активност помеѓу -1,4% до -3,2% од БДП, односно од пооптимистично до помалку посакувано сценарио. Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност за -3,4% со тоа што ефектите од кризата врз економијата се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст“, рече Ангеловска.
Народната банка исто така ја ревидираше проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од -3,5% за годинава и закрепнување во наредната година за кога Народната банка проектира раст од 4,7%.
Како што истакна гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска, се очекува пад кај сите компоненти на БДП, освен кај јавната потрошувачка.
Кај личната потрошувачка се очекува пад од околу 4% поради пад на расположливиот доход во услови на неповолен пазар на труд и пад на приватните трансфери, забавување и на кредитната поддршка, зголемена неизвесност и воздржаност, кај бруто инвестициите пад од околу 10% поради помали странски, но и домашни – јавни и приватни инвестиции, поради зголемена неизвесност и забавена кредитна поддршка. Кај извозот пад од околу 17%, поради намалена странска побарувачка, застој во синџирите на снабдување и домашни рестриктивни мерки и намалената лична и инвестициска побарувачка, а падот на извозот ќе доведе и до пад на увозот од околу 15%.
Во однос на депозитите и кредитирањето, Ангеловска – Бежоска посочи дека намалената економска активност ќе има неповолни ефекти врз перформансите на компаниите и доходот на населението, а со тоа и врз потенцијалот за штедење и оти се очекува забавување на депозитниот раст на 2,3% и на кредитниот на 3% оваа година, а потоа се очекува постепено забрзување до околу осум, односно седум отсто на среден рок.
Според гувернерката ризиците се составен дел на секоја проекција, но овој пат тие се исклучително високи и произлегуваат од надворешното окружување, но и од домашниот контекст, па поради тоа симулација на двојно подлабок пад на странската ефективна побарувачка во 2020 година, односно пад од 10% (наспроти 5%) би довело до подлабок пад на БДП за 2,3 п.п., споредено со основната проекција, при понагласени неповолни ефекти врз извозот и инвестициската побарувачка.
Гувернерката потенцира дека најновите проекции значат целосно редефинирање на макроекономската слика за оваа година и дека на краток рок се проценуваат неповолни ефекти во повеќе сегменти, но се очекува задржување на здравите фундаменти што ќе биде од исклучително значење во периодот на закрепнување.

woman-online-shopping-xlargeПлаќањата со картички преку интернет зголемени двојно

Пандемијата ги натера сите повеќе да ги користат платежните картички за купување наместо кеш. Податоците на Народната банка покажуваат дека бројот на плаќања иницирани преку електронското банкарство во март е зголемен за околу 30% на годишна основа, што е многу повеќе во споредба со трендовите во претходниот период.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, посочи дека според првичните податоци од платежната статистика, чијашто обработка е во тек, зголемено е користењето и на компјутерите и на мобилните телефони за извршување на плаќања. Во март, годишниот раст на плаќања извршени преку компјутер изнесувал околу 26,4%, додека претходно, минатата година во споредба со 2018 година, растот бил 5,4%. Истовремено, како што кажа гувернерката, бројот на плаќања преку мобилен телефон е зголемен за околу 45,5% на годишна основа. Од друга страна, забележан е пад од околу 7% на годишна основа кај плаќањата иницирани на хартија.
„Според првичните податоци, особено е изразен порастот на користењето на платежните картички за купување преку интернет, при што во март, бројот на трансакции е зголемен двојно во однос на истиот месец минатата година, а позитивни се трендовите и кај користењето на картичките на физичките места на продажба“, посочи Ангеловска-Бежоска.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×