Иновативните фирми со 15% побрз раст во продажбата
Објавено на од во Економија
Според статистичките податоци, компаниите коишто внеле иновација во работењето имаат значајни резултати во намалување на трошоците, но и зголемување на работата и на профитот.
mia foto inovativnostПретпријатијата кои се иновативни имаат 15% побрз раст во продажбата отколку неиновативните, осум отсто побрз пораст на продуктивноста и на конкурентноста, како и побрз пораст на платите, беше истакнато  на денешната инфо сесија во Сојузот на стопански коори за вториот повик за кофинасирани грантови за комерцијализација на иновации, што го спроведува Фондот за иновации, како дел од владиниот План за економски раст.
За повикот објавен пред десет дена и којшто е отворен до 15 мај, досега се подигнати над 500 апликациски формулари. На располагање се пет милиони евра, од кои два милиона обезбедува Светска банка.Наманет е за сите микро, мали и средни претопријатија, а годинава  може да аплицираат  и приватни здравствени установи со доминантна домашна сопственост, новина воведена како предлог на ССК.
„За стопанството свеж капитал е секогаш неопходен, особено за малите и средни претпријатија, кои тешко доаѓаат до финансии, а ваквата поддршка им е повеќе од неопходна за зголемување на квалитетот  на работата, растот и развојот. Вложувањето во иновациите е многу важно за домашните компании и нивната конкурентност, рече на презентацијата Габриела Кулебанова“, потпретседател на ССК.
Таа укажа  дека според статистичките податоци, компаниите коишто внеле иновација во работењето имаат значајни резултати во намалување на трошоците, но и зголемување на работата и на профитот.
Како што информираше директорот на ФИТР Јован Деспотовски, подигнатите 500 апликациски формулари се потврда за интересот на компаниите и за довербата во процесот за аплицирање и доделување на парите.
„Со повикот се обезбедува до 70 проценти кофинансирање за микро и мали односно до 60 проценти за средни компании во максимален износ од 20 милиони денари. Средствата ќе се исплаќаат на квартална основа, согласно со динамиката на реализација на проектниот план по претходна уплата на сопственото учество на компанијата извршен мониторинг на реализација на активностите од страна на Фондот“, рече Деспотовски.
Новитет  со повикот е  воведувањето  на т.н ројалти, со којшто  компанијата се обврзува по успешна комерцијализација на  иновацијата и почеток на остварување приходи од проектот, пет проценти од годишниот приход во првите пет години да ги уплаќа во ФИТР.
Компаниите ќе добијат и техничка помош за совети за аплицирање, којашто Фондот ја обезбедува  во Скопје, како и во Тетово, Битола и Струмица, како регионални центри.
Заклучно со последниот повик што ФИТР го реализираше за старт  ап компании моментно  реализира финансиско  портфолио од 22 милиони евра. Опфатени се 235 компании од сите категории по големина  и сите дејности.
Лани  60 проценти од успешните апликанти биле во ИТ дејноста, а останатите 40 проценти од градежништво, енергетика, животна средина, медицина, индустријата за мебел.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најиновативни се фирмите од областа на финансиите и осигурувањето, по што следуваат информатичко комуникациските. Иновативноста  е најмалку застапена кај транспортните и земјоделските компании.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×