Иновативност во вистинско време: онлајн образование
Објавено на од во Компании
Поддржан од софтверската платформа за онлајн учење Webex, која е користена од страна на бројни светски универзитети, Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна со онлајн настава, која им овозможува на студентите уникатен пристап до знаење. 
online education
Моментите на криза не се лесни и со себе носат безброј борби и предизвици. Секој од нас бара информација повеќе, релевантно мислење, стручно знаење и експертско решение. Токму затоа, она што е од клучна важност е да се фокусираме на квалитетното образование на нашите млади генерации.
Посветен на грижата за своите студенти, Универзитетот Американ Колеџ Скопје периодов интензивно работеше на нова едукативна платформа, која ја нарече хибридно образование. Благодарение на овој концепт, студентите добиваат уникатна можност за студирање и стекнување акредитирана диплома.
 Концептот за хибридно образование се фокусира на потребите на студентот и ги надминува рамките на класичната настава. Наместо да се форсираат студентите да посетуваат настава во училници, да живеат во одреден град, да се прилагодуваат на напорни распореди и да усогласуваат многу обврски, со овој концепт тие се слободни да се фокусираат на она што им е нив најважно – учењето. Ваквото образование е достапно до сите, без оглед на местото на живеење и условите за посетување настава, што е посебно корисно за студентите од градовите надвор од Скопје, кои сега може да студираат без дополнителни трошоци, а притоа да се стекнат со меѓународна диплома.
 Поддржан од софтверската платформа за онлајн учење Webex, која е користена од страна на бројни светски универзитети, Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна со онлајн настава, која им овозможува на студентите уникатен пристап до знаење. Се работи за посебен метод за видеоконференциска врска, со вклучени лиценци за сите професори и студенти. Дополнително, материјалите за учење на студентите им се достапни и на платформата Moodle, преку која се изведуваат и испитите.
 Универзитетот Американ Колеџ Скопје е единствен во земјата со меѓународно акредитирани програми и дипломи. Оваа иновација на наставата беше одобрена и поздравена и од страна на Одборот за акредитација во САД, чија акредитација ги прави дипломите на Универзитетот меѓународно актрактивни.
 Универзитетот Американ Колеџ Скопје останува посветен на потребите на студентите и нивното образование. Токму во вакви времиња неопходно е да се обезбеди што поквалитетно образование, со цел градење идни генерации кои успешно ќе се соочат со предизвиците на светот и времето што доаѓа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×