InPlayer: компанија што ви помага да заработите од вашите видео содржини
Објавено на од во Start-up

InPlayer 929 WEBЗапознајте го сртатапот  што доби најголема венчр инвестиција во Македонија досега

Бевме на лице место да се увериме зошто регионалниот инвестициски фонд SCV одлучи да вложи околу 560 илјади евра токму во InPlayer, компанија со топ менаџмент во Скопје и Лондон и со 90% од тимот професионалци лоцирани во земјава – креативни ИТ инженери што развиваат решенија за наплата на видео и останати дигитални содржини, а ги користат големите светски медиумски и технолошки компании.

На видеа отпаѓа преку половина од сиот интернет сообраќај денес. Секој ден се гледаат милијарди видео записи, а објавата на видео за компаниски бренд, бизнис или организација се смета за составен дел од секоја маркетинг стратегија. Ако веќе трошите пари, време и човечки ресурси за да направите висококвалитетна видео содржина, сигурно ќе сакате и да заработите од сето тоа. Е, во тоа ви помагаат компаниите како што е InPlayer : македонско – британски тим којшто деновиве ѝ стана познат на домашната јавност како стартапот што добил најголема инвестиција од некоја венчр капитал организација . Се работи за 500 илјади фунти (околу 560  илјади евра) што регионалниот инвестициски фонд South Central Ventures (SCV), којшто има канцеларија и во Скопје, реши да ги вложи во идејата на InPlayer, компанија којашто постои од 2010 година. Оваа инвестиција, како и промоцијата на новите простории на компанијата се случија во исти ден, 24 јули, а на настанот присуствуваше и министерот за информатичко општество во Владата на Македонија, Дамјан Манчевски.

“Парите од SCV ќе ги вложиме првенствено во проширување на тимот во Македонија, но и интернационално, за што во моментов имаме реална потреба бидејќи бизнисот рапидно ни расте. Сега имаме 35 вработени во Скопје, во Лондон уште 5-6 луѓе, а само во македонската канцеларија очекуваме до крајот на 2017 да имаме околу 50 вработени, додека до крајот на следната година планираме уште 50 нови вработувања. Ние всушност веќе подолго време имаме постојано отворен конкурс за 10-15 софтвер девелопери, специјалисти за дигитален маркетинг, итн.“, вели Џорџ Мик, извршен директор на InPlayer.

Инаку, тој додава, дека ова не е прва надворешна инвестиција за компанијата, туку и претходно, таа била поддржана од Andurance Ventures, инвестициски фонд од Лондон.

INPLAYER 929 frejmDigital asset monetization пазарот расте – шанса за InPlayer

Како всушност InPlayer им помага на клиентите да монетизираат, односно, заработат од видео и останатите дигитални содржини? Преку креирање иновативни софтверски платформи со коишто бројните медиумски и технолошки компании низ светот можат да продаваат содржина, без оглед дали се работи за настан пренесуван во живо или пак нешто што е веќе снимено и може да се изнајмува повеќе пати, content on demand и сл.  Секојдневно, со решенијата на InPlayer, се процесира содржина за преку 100.000 претплатници на нивните клиенти од рангот на FilmBox, Massive Interactive, Pageant Media, Livestream, Ooyala,  JW Player и др.  Директорот Џорџ Мик објаснува дека бизнисот со монетизација на дигиталните содржини – digital assets monetization – се очекува да расте со двоцифрени стапки следниве неколку години. Аналитичката куќа Markets&Markets проценува дека само пазарот за видео стриминг од 2016 до 2021 година ќе порасне од 3,3 на 7 милијарди долари, благодарение на с$ поголемото користење на онлајн стримингот.

“Успеавме да потпишеме договор и со нашите први клиенти од редот на ТВ каналите, тоа се една скандинавска ТВ мрежа и една американска кабелска телевизија. Моментално работиме и со нашите први големи спортски агенти, развивме комплетно video on demand решение за една од водечките стриминг компании во централна и источна Европа, FilmBox, а сме работеле и со неколку глобални спортски брендови“, објаснува Мик.

Слобода и креативност за програмерите

Со Џорџ Мик и оперативниот директор на компанијата, Ненад Чубриновски, разговаравме во нивните нови простории, што зафаќаат два ката во штотуку отворената деловна зграда “Челзи“  во строгиот центар на Скопје, уредени во minimalistic industrial стил. Чубриновски вели дека добрата локација, комфорот и удобноста, се најмалку што мораат да им пружат на своите  вработени за да го изберат InPlayer за свој работодавец.

“Како што знаете, пазарот на ИТ професионалци е мошне динамичен во Македонија последниве години, и с$ потешко станува да привлечете и задржите квалитетни кадри. Покрај платите, коишто постојано растат, за младите програмери е битно и да работат на интересни проекти, а ние токму тоа им го нудиме. Нашата предност е што не работиме аутсорсинг, туку развиваме сопствени решенија за клиенти од целиот свет. Нудиме интернационална работна средина, каде што секој има слобода да ја користи својата креативност, доделуваме одговорности, избегнуваме микроменаџирање, и сметаме дека овозможуваме одлични услови за личен развој и надградба на сите вработени“, вели Чубриновски.

Инаку, покрај него, од топ менаџментот на InPlayer, во Скопје работи и Филип Димчевски, главен менаџер за технологија, додека Мик и остатокот од тимот за бизнис развој функционираат од Лондон.

“Нашите луѓе ги охрабруваме да работат посветено, што е помогнато од тимскиот дух што владее во нашата компанија. Имаме овде повеќе тимови – за продажба, за маркетинг, за корисничка поддршка … сето ова е базирано во Македонија. Отворени сме – секој во тимот може да предложи нова функција во она што го развиваме или да даде каков и да е предлог.“, се надоврзува Џорџ Мик.


Татјана Забасу, SCV: “InPlayer e добро позициониран да стане еден од најдобрите играчи на светскиот пазар“

“Ние сме возбудени што ќе работиме со тимот на InPlayer и ќе ги поддржиме понатаму во нивниот раст и зголемување на нивното портфолио на клиенти. Монетизацијата на дигитални содржини е дефинитивно една од најатрактивните области во бизнисот и јас навистина верувам дека InPlayer со нивната напредна платформа за монетизација како и својот искусен и посветен тим е добро позициониран да стане еден од најдобрите играчи на пазарот “, рече Татјана Забасу, партнер во South Central Ventures, инвестицискиот фонд што вложи 500 илјади фунти во идниот раст и развој на InPlayer . SCV е фонд за ризичен капитал (VC fund) кој располага со 40 милиони евра за инвестирање во иновативни компании од Балканот кои развиваат технолошки решенија со голем потенцијал за раст. Официјално фондот функционира од своите канцеларии во Загреб, Белград и Скопје и досега има инвестирано во 9 компании во регионот со инвестиции кои се движат меѓу 100 илјади и 2 милиони евра. Во Македонија досега фондот инвестираше во компаниите Letz и Cognism.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×