Инстаграм ги укинува лајковите
Објавено на од во Компании

Инстаграм започна да работи на целосно укинување на лајковите, односно да не го покажува бројот на лајкови на постовите.

instagram-3319588_960_720Конечната одлука за ова прашање сè уште не е донесена, но тестирањето веќе започна пред неколку месеци. Идејата е дека корисникот може да види на кој се’ му се допаднала сликата, но никој не може да го види бројот на лајкови на нечија слика, ниту пак кој лајкнал.

Тестирањето започна во Канада, а од вчера, во овој експеримент се приклучени уште шест земји: Ирска, Италија, Јапонија, Бразил, Австралија и Нов Зеланд.

Од Инстаграм велат дека се’ одлучиле да продолжат со ваквиот чекор, бидејќи сакаат да се фокусираат на содржината, а не на бројот на лајкови.

Луѓето се преокупирани со бројот на лајковите кога се јавни, и на нив гледаат како на мерка за успех, па се случува и да купуваат лајкови.

Корисниците често бришат фотографии кои не се многу популарни, со цел да се одржат на “добар глас” дека сите нивни слики се популарни.

Тие додаваат дека, во теорија, планираат да ги скријат од тајмлајнот, но да останат видливи само за корисникот, за да може да види што „врви“ добро, а што не, без да се грижат за бројот на лајковите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×