Институтот FinanceThink во четврток организира дебата на тема: Раст, политичка криза и избори
Објавено на од во Економија

12360314_527997820709479_6094831106028198220_nИнститутот за економско и политичко истражување –  FinanceThink во четврток организира панел дебата на тема: Раст, политичка криза и избори.

Меѓу гостите кои ќе дебатираат на темата се економскиот аналитичар, колумнист и сопственик на магазинот Капитал, Љупчо Зиков, претседателот на Управниот одбор на Еуростандард банка, Николче Петковски и професорот на Економскиот факултет, Сашо Арсов, а  модератор на конференцијата ќе биде универзитетскиот професор од Американ колеџ, Марјан Петрески.

Со оваа дебата ќе биде заокружен третиот роденден на овој институт. Институтот како неформална група постои од 2011 година, а како формална беше основан во 2012 година.

Целта на овој институт е да се зајакне економското размислување во земјава со цел да се обезбеди подобра благосостојба преку намалување на сиромаштијата, зајакнување на макро -финансиските политики и подобрување на финансиската стабилност преку економски истражувања, советувања и препораки за економските политики.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×