Институтот на овластени ревизори и Американ колеџ потпишаа договор за академска соработка
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Универзитетот Американ колеџ Скопје потпишаа договор за академска соработка за создавање можност за формирање испитен центар на „Association of Chartered Certified Accountants“ (ACCA) во Македонијa, како и за соработка на полето на обуката, продлабочување на знаењата и разменување на искуства за истражувањата и развојните процеси од заеднички интерес.

„Меѓусебната размена на информации меѓу Институтот и Универзитетот е од особено значење за двете институции. Ние како Институт сме секогаш подготвени да помогнеме во споделувањето на нашето знаење и искуство поврзано со нашата проблематика и тоа да го пренесеме најдобро што можеме на студентите кои се определиле за оваа насока. Особено ми е драго што почнуваме една нова приказна со УАКС, која верувам ќе биде успешна и трајна“, изјави Борислав Атанасовски, претседател на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија.

„Нашите студенти го одбрале нашиот Универзитет затоа што сметале дека истиот ќе биде нивниот најдобар избор. Ние тоа сакаме да им го потврдиме. Ваквите соработки за нас и за нашите студенти се особено важни за исполнувањето на врвно образование кое понатаму ќе придонесе во градењето на професионални кадри. Студентите на УАКС, повторно ќе имаат шанса да учат од најдобрите. Се надевам дека соработката со Институтот во иднина ќе ја прошируваме и надоградуваме. Исто така, би сакале да им се заблагодариме на Светската банка и на Центарот за формa на финансиско известување (Center for Financial Reporting Form) од програмата EU REPARIS  – програма за земјите од Западен Балкан, но пред сѐ на компонентата за образование и развој на кадри (Education and Capacity Development), чии работилници ни помогнаа и нѐ поттикнаа да ја изготвиме академската програма за насоката сметководство и ревизија“, изјави проф. д-р Марјан Бојаџиев, ректор на Универзитетот Американ колеџ Скопје.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×