Интелeктуалците предупредуваат: Европа е нападнатa од лажни пророци
Објавено на од во ВО ФОКУС

Eu fokus 1Над 30 светски интелектуалци во отворено писмо повикуваат дека е време за акција и отпор на се поотровната идеја пропагирана од лажни пророци кои повикуваат на враќање на национализмот низ Европа, и кои се закануваат да ги запалат слободите и вредностите на либералната демократија и европската идеја која ги направи нашите општества просперитетни и развиени.
“Европа е нападната од лажни пророци кои се опиваат со незадоволството и веруваат дека нивниот час дојде. Затоа повикуваме на акција во предвечерието на изборите, бидејќи одбиваме да се предадеме пред оние кои и го копаат гробот на европската идеја.”

 

Загрозена е самата идеја за Европа, предупредуваат водечките светски интелектуалци во писмо цитирани од Гардијан. Меѓу нив се писателите Светлана Алексиевич, Марио Варгас Љоса, Елфриде Јелинек и Орхан Памук, добитници на Нобеловата награда за литература, потоа францускиот филозоф Бернар-Анри Леви и писателите Милан Кундера и Салман Ружди.

“Од сите страни се истураат критики, навреди и поддржувачи на каузата “Доста е со градење на на Европа!”. “Ајде, наместо тоа, да се поврземе повторно со нашата “национална душа”! Да го преоткриеме “изгубениот идентитет”! Ова е агендата што ја споделуваат популистичките сили што го преплавуваат континентот. Се чини дека не е важно дека апстрактните концепти како “душа” и “идентитет” често постојат само во имагинацијата на демагозите”, пишуваат авторите на писмото.

Европа е нападната од лажни пророци кои се опиваат со незадоволството и веруваат дека нивниот час дојде. Таа била напуштена од два големи сојузници, кои во последниот век двапати ја спасилe од самоуништување. Едниот од преку каналот Ламанш, а другиот отаде Атлантскиот Океан. Континентот е ранлив пред сè помалку прикриените маневри на Кремљ. Европа како идеја се распаѓа пред нашите очи”, истакнуваат тие.

Ова е отровната атмосфера во која во мај ќе се одржат изборите за Европскиот парламент. Ако нешто не се промени, ако нешто не се случи што ќе го запре тој упорен бран кој се накрева, ако не се јави нов дух кој ќе понуди отпор, овие избори ветуваат да бидат едни од најпогубните кои сме ги виделе. Тие можат да им дадат победа на оние што имаат корист од катастрофите. За оние кои се уште веруваат во наследството на Еразмус, Данте, Гете и Коменски, останува само најсрамниот пораз, занемарување на интелигенцијата и културата. Ќе има големи манифестации на ксенофобија и антисемитизам. Сите ќе бидат погодени од катастрофа.

Ние, долупотпишаните, сме меѓу оние кои одбиваат да се помират со оваа огромна катастрофа, велат 30-те големи светски интелектуалци.

Ние припаѓаме на европските патриоти, група која е побројна отколку што често се мисли, но често е премногу молчалива и попомирлива, кои разбираат што е залогот на картата на која се игра. Три четвртини од еден век по победата над фашизмот и 30 години по падот на Берлинскиот ѕид, се води нова битка за цивилизација.

d778665d86e9d1b18a15c848b18f9c65f0220c12Нашата вера е во големата идеја, која сме ја наследила, која според нас беше единствената сила, доволно моќна да ги издигне народите на Европа над нив самите и нивната историја со војни. Веруваме дека и денес таа останува единствената сила, која е доволно благородна за да им се спротивстави на новите знаци на тоталитаризмот, кои со себе ги носат заборавените беди од темните времиња. Тоа кое што е заложено на карта ни забранува да се откажеме. Затоа и ја испраќаме оваа покана за присоединување кон новата општествена мобилизација.

Затоа повикуваме на акција во предвечерието на изборите, бидејќи одбиваме да се предадеме пред оние кои и го копаат гробот на европската идеја. Затоа повикуваме да се дигне уште веднаш факелот на единствена Европа, која и покрај грешките, пропустите и понекогаш пројавената колебливост, останува светлина која е водилка за сите слободни мажи и жени на планетата. Нашата генерација има погрешен правец. Како следбениците на Гарибалди во 19 век, кои ја повторуваа мантрата “Италија ќе се справи сама”, ние веруваме дека континентот ќе се сочува самиот од себеси, без да има потреба ние да се бориме за тоа или да работиме на него. Тоа е, според нас, пресвртна точна на историјата. Треба да ги оставиме старите убедувања и да не ги забораваме. Немаме избор. Треба да се бориме за идејата на Европа или да не ја оставиме да крвари под товарот на популизмот.

Во одговор на нападот на националистичките и идентитетските напади треба да го преоткриеме духот на активизмот со надеж дека незадоволството и омразата ќе не заобиколат или одминат.

Треба силно да дигнеме тревога за тие потпалувачи на душата и духот од кои Париз и Рим, преку Барселона, Будимпешта, дрезден, Виена и Варшава, кои сакаат да потпалат оган врз нашите слободи.

Во тој чуден пораз на Европа кое се појавува на хоризонтот, таа нова криза на европското сознание, кое се готви да уништи се она кое ги направи нашите општества големи и просперитетни, ја подрива либералната демократија и нејзините вредности, повеќе отколку било кога, заклучуваат интелектуалците потпишани во писмото објавено во Либералисион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×