Интересот за фотоволтаици сè поголем, СКМ ќе врши обуки за инсталирање
Објавено на од во Економија

Повеќе од 2.000 градежни компании и 4.000 професионалци, како и 9.600 градежни работници ќе бидат вклучени во проектите.

Fotovoltaici

Обуки на стручен и технички кадар за инсталирање фотоволтаици и топлински колектори за зголемена енергетска ефикасност најавија денеска на прес-конференција од Стопанската комора на Македонија.

250 работници, 150 инженери 40 архитекти од градежните компании во следниов период ќе се обучуваат за проектирање, дизајнирање и инсталирање на фотоволтаици и топлински колектори. Проектот е резултат на зголемениот интерес за подобрување на енергетската ефикасност и големиот интерес на компаниите и домаќинствата за користење и производство на енергија од обновливи извори.

Целта е до 2020 година да се постигне планот поставен од Европската комисија и да се обезбеди поголема енергетска ефикасност.

Според најавеното на прес-конференцијата повеќе од 2.000 градежни компании и 4.000 професионалци, како и 9.600 градежни работници ќе бидат вклучени во проектите.

Покрај работници ќе бидат вклучени и инженери, архитекти и други високи профили од овој сектор кој имаат потреба од дополнителни обуки за градење на енергетски ефикасни згради. Овој проект е дополнување на претходни два проекти за енергетска ефикасност кој се спроведуваат заедно со ЕУ и кои ни покажаа дека потребата од обука и преквалификација на градежните работници е неопходна, вели Јадранка Аризанковска од Комората.

Од Комората  најавија дека ќе се прави база со податоци за сите обучени кадри тренери кои ќе им бидат достапни на компаниите и граѓаните за реализација на проектите.

„Обуката ќе се реализира преку Центарот за менаџирање знаење и вештини кој е формиран за таа цел, а со неа ќе бидат опфатени сите занимања во градежништвото како и инженерскиот и архитектонски кадар“ – изјави Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија.

Во Македонија само една фирма произведува фотоволтаици, а 11 компании произведуваат панелки, беше речено на пресконференцијата.

Претседателот на Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, Ристо Јаневски, информираше за законските погодности кои ги прави овие извори на енергија конкурентна на пазарот.

Тој упати повик до компаниите да инвестираат во фотоволтаици, затоа што, како што истакна, инвестицијата е исплатлива за 5 до 6 години.

„Постапката не е компликувана. Потребна е идеја изработка на проект, добивање на градежна дозвола како и инсталирање. Дополнително, доколку станува збоер за производство е потребно и договар со снабдувач со електрична енергија за продажба на произведената енергија“, вели Јаневски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×