Интернет гигантите лути – ќе мораат да им плаќаат на авторите на вести, текстови, музика и филмови кои ги објавуваат
Објавено на од во Економија

Foto GAFAТехнолошките платформи и Интернет активисти го кренаа својот глас против вчерашната одлука на Европскиот парламент за регулаторни реформи за заштита на авторските права, која на авторите на видеоснимки, музички нумери, производители на вести и сопственици на други авторски права ќе им овозможи право да бараат надоместат за објавување на нивната содржина онлајн.

“Европските законодавци одлучија и покрај големото негодување во јавноста да поддржат “филтрирањетo”на интернетот во корист на големите компании
од музичката и издавачката индустрија”, тврди Сијада ел Рамли, генерална директорка на Европската асоцијација на интернет платформи, која ги обединува и компаниите како Facebook и Google.

Таквите тврдења за наводното филтрирање на интернетот противниците на измените ги изнесуваа и пред одлуката на Европскиот Парламент, а интернет активистката и член на ЕП, Јулија Реда, вели дека со оваа одлука му се задава удар на слободниот и отворен интернет и дека Европскиот парламент го става профитот на корпорациите пред слободата на говорот”, пишува Блумберг.
Од друга страна, оние кои ја поддржуваат оваа реформа се презадоволни со одлуката на Европскиот парламент, па така претседателот на Европското здружение на авторски групи, Андерс Ласен вели одлуката претставува победа на Европа и на нејзината независност од неколку технолошки гиганти кои профитираат од застарениот закон.

Најновите прописи конечно ќе обезбедат оружје кое ќе обезбеди праведен надомест за што се залагаа авторите.

Одлуката на ЕП следува после повеќемесечна жестока кампања и агресивно лобирање, но и битка помеѓу издавачите и технолошките компании и меѓусебни обвинувања за изигрување на законите.
Европскиот парламент вчера ја усвои Директивата за авторски права на единствениот дигитален пазар, која светската и европска новинска агенција ја оценија како голем исчекор во заштита на авторските права. Со тоа се затвори ерата на една од најсилни лобистички битки која Интернет гигантите ја водеа против новинските агенции и медиумски групации, како и музичката и филмска индустрија, кои ги иницираа овие измени.

Предлог реформата сега оди во понатамошна процедура, а конечното гласање е планирано да биде во јануари 2019 година, после што членките на Европската унија ќе одлучат како тие измени да ги внесат во сопствените национални законодавства.

Иницијативата за измени на законот за авторски права, која во Брисел скратено ја нарекоа иницијатива GAFA, бидејќи се однесува на четирите големи интернет платформи, односно пребарувачи- Google, Apple, Facebook и Amazon, ја потпишаа 18 европски новински агенции со цел интернет гигантите да се обврзат дел од нивните приходи да им плаќаат на новинските агенции, чија содржина сега бесплатно ја користат.

Според измените на законот, тие ќе мораат еден дел од своите приходи да го делат со авторите на содржините.
Еден од деловите на предлог измените околу кој најмногу се кршеа копјата се однесува на член 11, според кој интернет компаниите ќе мора да плаќаат т.н. “данок на линкови”, што значи дека ќе мораат пред се да им плаќаат на агенциите, весниците, магазините за објавување на нивните наслови, фотографии и текстови на своите сајтови.

Новинарските асоцијации IFJ и EFJ го поздравија донесувањето на одлуката кое е пресудно новинарите да обезбедат заработка од својата работа и ода останат независни во своето извесување , што е од суштинско значење за добро функционирање на демократските друштва.

Втората оспорувана точка е членот 13, кој предвидува обврска за технолошките платформи да ги “филтрираат” содржините кои луѓето ги поставуваат и да проверат дали тие ги кршат авторските права.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×