Интервју со Божидар Ночев: Семејството Ночеви и нивниот придонес во градежништво, политикатa и архитектурата
Објавено на од во Интервју
 Божидар Ночев e импресивна личност чијашто фамилија има постигнато историски успеси низ поширокиот регион на Балканот, Европа, Азија и Африка. Неговиот дедо, Јордан Ночев, бил еден од организаторите на Илинденското востание во регионот на Прилеп во 1903 година (заедно со нивниот роднина, војводата Пере Тошев) при што за својата револуционерна активност за независна Македонија бил осуден од турските власти на 101 година робија во Дијарбекир. Во нивната куќа во Прилеп два пати преноќувал и лидерот на македонското националноослободително движење, војводата Гоце Делчев, кого дедо му неколку пати тајно пренесувал до Битола.
Naslovna Nocev

Божидар Ночев со пра-пра- правнукот на Наполеон Бонапарта Chev. Olivier Collin, за време на приемот во Ватиканскиот Орден Св. Лазар во кралската катедрала во Guimaraes, Португалија.

            Татко му, инж. Методија Ночев, меѓу двете светски војни бил лидер на македонските студенти во Белград во борбата за независност на Македонија. Тој бил и Претседател на македонското друштво “Вардар“ при што од политички причини заради своите ставови и активности во борбата за независна Македонија бил два пати затворан во озлогласениот затвор “Главњача“ во Белград. Исто така, татко му во Белград бил познат, ценет и почитуван од страна на лидерите на ВМРО – Димче и Јордан Чкатрови како и од други познати членови на ВМРО. На крајот од војната успева да го спаси својот роден град Прилеп од уништување од страна на германците при што после војната бил еден од корифеите на изградбата на значајни и стратешки објекти во Република Македонија и беше сметан за еден од петте најдобри инжењери на Титовата Југославија.
            Неговата сопруга, Д-р Елка Ночева, потекнува од познато семејство кое е во роднински врски со славниот војвода Тодор Александров (имал чест да ја познава неговата внука) како и во роднинска врска (братучетка) со познатото македонско семејство Измирлиеви (т.е. семејството на Христо Смирненски). Во минатиот режим бил сметан за “неподобен“ при што на 8-ми септември 1991 година заедно со неговите македонски пријатели, организирале прослава во познатиот чешки ресторан “Lví dvůr“ во Прага по повод независноста на Република Македонија, каде дошле и се собрале најпознатите и најистакнатите македонци вклучително и познат пратеник на македонскиот Парламент. Истата година ја организирал првата посета на Претседателката на чешкиот Парламент на нашата земја.
            Во 1993 година ги организирал првите политички консултации меѓу двете Министерства за надворешни работи во Прага при што во својство на Привремен дипломатски претставник на Република Македонија во Чешка, успеал да лобира и да обезбеди признавање на Република Македонија на 02. 02. 1994 година и воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави на 04. 03. 1994 година.
-Кои се најголемите достигнувања во Вашата  професионална меѓународна кариера?
Јас студирав во Белград и Скопје при што магистратурата ја завршив во првата генерација на постдипломски студии во Скопје во 1982 година. Претходно, во 1978 година добив стипендија од француската влада за специјализација кај најдобрите архитекти во Париз – Oscar Niemeyer, Feluza, C. Vasconi, M. Ozol, Chauvet, Vilems & Atelier “3.” За мојот 14-годишен проектантски опус академик и професор Ѓорѓи Константиновски ме има ставено во неговата енциклопедија меѓу најдобрите архитекти на 20-тиот век во Македонија. Од 1985 година почнува моето долгогодишно менаџерско управување со големи проекти во странство за најголемите македонски и хрватски градежни компании. Долги годинин бев директор на една од најголемите македонски градежни компании – “Бетон“ – Скопје во Чехословачка, а потоа и во Чешката Република. Во тој период во македонското градежништво работеа околу 60.000 луѓе (заедно со придружните дејности) при што голем број од градежните активности беа реализирани во странство (околу 80%) и тоа во Чехословачка, Германија, Ирак, Русија, Либија, Алжир, Узбекистан и други земји.
Само за период од 30 години нашите фирми реализираа проекти од над 300 милиони тогашни американски долари при што значајно е да ја споменам и соработката со една од најмоќните градежни компании во светот – американската “Fluor Daniel” (која во тоа време имаше преку 120.000 вработени) за која што во 2000 година беше реализиран проектот за изградба на хидрокракот во Кралупи. Регионалниот директор на “Fluor Daniel” ми има потврдено дека “Бетон“ – Скопје е првата македонска фирма со која соработувал. Важно е да се спомене дека проектот е реализиран под ригорозни безбедносни правила (американската компанија “Fluor Daniel” на годишно ниво имале само еден случај на повреден работник низ сите нивни градилишта во светот).
- Како прв македонски топ менаџер и инжењер изградивте пристаниште и марина во Алжир. Дали ќе може да ни објасните подетално за наведениот проект.
Во периодот од 2007 до 2009 година бев ангажиран од познатата хрватска групација Ингра – Загреб како топ менаџер за нивниот најголем проект во Северна Африка – изградба на пристаниште и марина во Стора – Алжир во вредност од околу 50 милиони долари, при што проектот беше одобрен со декрет од Алжирскиот претседател Abdelaziz Bouteflika. Проектот беше успешно реализиран со тим од 250 до 300 вработени (зависно од фазата на проектот) при што 80% од работниците беа од месното население. Во 2010 година во едно специјализирано списание од областа на поморските градби, оваа марина беше вброена меѓу 5-те најубави марини на Медитеранот. По успешното завршување на проектот ми беше дадена благодарница од Народна Демократска Република Алжир – Дирекција за јавни работи на Вилаетот Скикда при што цитирам: “Иако периодот на неговиот престој беше релативно краток, тој покажа една восхитувачка мотивираност во реализацијата на задачите кои му беа поставени и еден професионализам на висина на тешкотиите на градилиштето при што воспостави човечки односи кои силно го маркираа духот на зближување. Од сè срце му пожелуваме на нашиот пријател успешно враќање кај неговата фамилија.“ Потпишано од Директорот, инж. Кероуан.
 Nocev 1
-

 

Во јуни 2017 година бевте поканет да учествувате на Меѓународната Академија на ватиканскиот орден Св. Лазар од Ерусалим (целиот назив на Орденот е – The Military and Hospitaller Order of Saint Lazarus of Jerusalem), која се одржа во Grand Hotel des Palmes во Палермо (Италија). Составен дел на овој настан бил и Меѓународниот аџилак до гробот на францускиот крал Свети Луј во Монреалe (инаку Луј IX. бил единствениот француски крал прогласен за светец од страна на Ватикан). Дали би можеле да ни кажете нешто повеќе за Вашето учество на овој настан?
Од големиот Приор на Орденот Св. Лазар од јуриздикцијата na Малта, H.E. Chevalier Professor Charles Savona-Ventura, бев поканет да учествувам на најзначајниот годишен настан на Орденот при што се договоривме да направам презентација на тема:
“Историја на Орденот Св. Лазар во Централна Европа (Чешката Република, Словачка и Унгарија) и придонесот на кралската династија Аргеад (особено Филип II и Александар Велики) за развојот на светската цивилизација.“
Сите ја познаваат општата историја за подемот кон слава и успеси на Филип II и Александар Велики, но, малку се познати далекусежните глобални позитивни промени кои биле постигнати од страна на познатата кралска династија Аргеад за развојот на светската цивилизација. Александар Велики за време на своето 13-годишно владеење со создадената од него најголема империја во тогашниот свет, работел упорно на обединување на Истокот и Западот со цел создавање на економски, социјално и културно обединето кралство. Во неговата империја почнало економско обединување на сите територии и нации ослобедни од Персиската хегемонија преку користење на унифицирано платежно средство (еден тип на монети во целата империја), развојот на првите облици на банкарство и кредитирање, како и интензивирање на трговската размена меѓу Истокот и Западот до таков размер, што се овозможило невиден до тогаш економски развој и растеж на империјата на Александар Велики. Според познати истражувачи на античкото време, Александар Велики ја воспоставил првата форма на нов светски економски поредок при што за економското влијание на освојувањата на Александар Велики има подетални анализи во публикацијата на Michael
Rostovzteff, која што се фокусира на развојот и експанзијата на трговијата од 3-от до 2-от век пред нашата ера. Научните истражувачи истакнуваат дека оваа економска унија била поважна од политичката фрагментација на Александровата империја, бидејќи таа била фундамент на едно културно обединување и социјално заедништво. Придонесите на Александар Велики се многубројни како на пример:
-          Ширењето на европскиот формат на градови (земајќи го моделот на градови основани од татко му, Филип II – пример градот Philippopolis) низ целата империја (се смета дека од Александар биле основани преку 70 града меѓу кои е и познатиот град Александрија во Египет (кој подоцна станува светскиот центар на науката, образованието и уметноста) или градот Кандахар во Авганистан)
-          Развој на технолошки иновации (усовршување на навигацијата), усовршување на даночниот систем, развој на поморската трговија, експанзија на европската култура низ целата негова империја
-          Во Египет ги обновил старите храмови и изградил нови храмови; прагматичноста на Александар може да се види и во фактот што градот Александрија го основал во плодниот дел на реката Нил за да обезбеди одгледување на големи количини на пченица за неговата империја
-          “Свадбите од Суса“ било симболичко гесто за обединувањето на Истокот со Западот преку масовните свадби на војниците и офицерите од Александровата војска со персиските жени
-          Chandragupta Maurya (првиот император на Индија) ја обединил северна и југозападна Индија во една голема држава по примерот на Александар Велики и неговата кариера
-          Најпознатите генерали на Римската Империја – Publius Cornelius Scipio Africanus, Gaius Marius, Pompey the Great и Julius Caesar – се прикажувале како “Римски Александар“ (Roman Alexander)
-          Според Плутарх, големиот успех на Александар Велики се должи на неговото феноменално образование за тогашно време – Александар на 10-годишна возраст одлично свирел на лира, имал одличен стил на дебатирање и обожавал да рецитира поезија. Покрај класичното образование на тогашните аристократи – читање, боречки вештини, јавање на коњ и лов на животни, бил Александар обучуван (од 13-годишна возраст) од Аристотел со лекции од медицината, филозофијата, моралот, религијата, логиката и уметноста.
За крај на оваа тема, би сакал да го споделам мислењето на познати истражувачи кои сметаат дека целокупниот придонес на Александар Велики и неговата кралска династија Аргеад за развојот на светската цивилизација е немерлив,… доколку не би постоел Александар Велики,доколку би немало освојување на Персија, доколку таа кариера не се случила и доколку таа исклучителна личност не решила да го промени целиот тогашен свет … тогаш не би постоел ниту Цезар, ниту Римска Империја, не би постоела западната цивилизација како што ја знаеме.
Nocev 9

Ана Јорданова за време на нејзиниот прием во Орденот Beaujolais .

- Во 2017 и 2018 година учествувавте на неколку значајни меѓународни настани, како на пример, на Solemn Investiture во една од најстарите православни цркви во Виена – Православната црква Св. Ѓорѓи во центарот на Виена, каде што се стекнавте со титулата Chevalier Commandeur на Витешкиот Орден Св. Лазар од Ерусалим, како и на Самитот на ЕУ (EU-Western Balkans summit), кој се одржа во Софија во 2018 година. Дали ќе може во кратки црти да ни кажете за Вашето учество на овие два настана?
Воениот и религиозен Орден на Свети Лазар од Ерусалим ги води своите документирани почетоци од 1043 година кога со папската була на Папата Бенедикт IX. бил основан Орденот Лазарус (Lazarus Order) од страна на св. Жерар (Blessed Gérard). Низ својата долга историја Орденот на св. Лазар поминал низ многу успеси и хуманитарни мисии по целиот свет при што има многу значајни работи за кои би можело да се зборува за Орденот но овде во кратки црти ќе споменам некои факти од поновата историја на Орденот. Во денешно време, Орденот на св. Лазар има преку 5.000 членови во повеќе од 35 земји во светот при што меѓу позначајните основачи на Орденот во одделни земји биле на пример: Prince Schwarzenberg (Приоритат во Чешка),
Гроф Zamoyski (Полска), Prince Hohenzollern (Германија), Крал Carol II. (Романија), Цар Boris III. (Бугарија) како и значајни приоритати во САД и Мексико. Исто така, во австрискиот Приоритат на Орденот св. Лазар има со генерации претставници на најзначајните австриски аристократски фамилии – династијата Habsburg, династијата Metternich, Baron von Henhapl (Erbkommende Sighartstein) и многу други. Посебно би сакал да истакнам двајца познати филантропи на Орденот св. Лазар – французинот Dr. Albert Schweitzer, добитник на Нобелова награда и одликуван со Order of Merit од британската кралица Елизабета II. (Dr. Schweitzer ја основал познатата голема болница Urwaldspital во Африка, каде што спасил илјадници животи во Габон) и австрискиот филантроп Hermann Gmeiner (основач на SOS детските села).
Врз основа на одлука на раководството на Витешкиот орден Св. Лазар на 11-ти ноември 2017 година бев промовиран во Chevalier Commandeur на Витешкиот орден Св. Лазар во една од најстарите православни цркви во Виена – Православната црква Св. Ѓорѓи во Виена. Инагурацијата беше водена од Grand Commander на Орденот – H.E. Chev. Edward B. White при што вечерта бев поканет од HIRH Herta Margarete Habsburg-Lothringen (Archduchess of Austria, Princess of Tuscany) и нејзиниот сопруг Sandor Habsburg-Lothringen на хуманитарниот бал “The Life Goes On – Die Gala mit Herz,” кој се одржа во Vienna City Hall.
Што се однесува на Самитот на ЕУ (EU-Western Balkans summit) во Софија, бев меѓу неколкуте/малобројните Македонци кои присуствуваа скоро на сите на сите настани што се реализираа за време на Самитот на ЕУ, кој за првпат се одржуваше во Софија од 16-ти до 18-ти мај 2018 и тоа на: Vienna Economic Forum (“Economy meets Politics,” Hotel Marinela – Sofia), “In Dialogue with Western Balkans: Creating a Region of Growth, Security and Connectivity on the Path to Europe” (NDK, Sofia), “Investment Prospective: Western Balkans” (NDK, Sofia), “ALLEA General Assembly 2018” (BAS, Sofia).
На настаните присуствував по покана на претставници на бугарската Влада при што за време на Самитот на ЕУ во Софија остварив поголем број на средби со претставници на ЕУ почнувајќи од Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов; Министерка за надворешни работи на РБ, Екатерина Захариева; поранешниот Претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев; Лиљана Павлова, Министер за бугарското претседателство на Советот на ЕУ 2018; Амбасадорот Victor Jackovich (поранешен заменик асистент на Државниот Секретар на САД); DI Günter Rabensteiner (Претседател на Vienna Economic Forum); Prof. Dr. Günter Stock (Претседател на ALLEA – All European Academies); Aleksandar Vlahović (Претседател на Српската Асоцијација на Економисти); Вицепремиерот на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев и многу други претставници на владините институции од Западен Балкан, ЕУ и пошироко. Премиерите од Западен Балкан (Зоран Заев, Бојко Борисов, Ана Брнабич, Еди Рама итн.) присуствуваа на Самитот на ЕУ при што имав можност да се сретнам со Н.В. Цар Симеон II. на кого му го честитав роденденот и му подарив алегориска слика со неговиот лик и ликот на неговиот дедо, Цар Фердинанд при што добив покана од Царот Симеон II. заедно со сопругата, да го посетам во неговиот дворец Врана. Исто така добив покана од Премиерот на Република Косово, Рамуш Харадинај (со кого се видов после подолго време), да го посетам во Приштина.
Nocev 6
- Вие сте прв Македонец кој има добиено патентиран семеен Витешки грб од Орденот Св. Лазар од Ерусалим. Дали ќе може да ни презентирате повеќе информации за овој интересен настан?
Во 2016 година со одлука на тогашниот Голем Мајстор на Орденот Св. Лазар од Ерусалим, H. E. Don Carlos Gereda de Borbon, Marquis de Almazan и тогашниот Патриjарх на Орденот, His Beatitude Gregorios III, Patriarch of Antioch, and All the East, of Alexandria and Jerusalem ми беше доделен фамилијарен грб, кој е евидентиран како патент во ткн. “Зелена Книга“ на Орденот Св. Лазар од Ерусалим т.е. заштитен грб во Архивите на Орденот во Малта и Ватикан. Ова претставува значајно признание не само за мене, туку и за нашата држава – Република Северна Македонија при што ми е посебно мило што фамилијарниот грб го добив со голема поддршка од американскиот Приоритат на Орденот. Во изработката на семејниот грб учествуваа американскиот професор Michael Ross (Grand Officer of Arms; University of Minnesota), американскиот Reverend J. David Juliano, како и големата поддршка, која ја добив од Grand Chancellor на Орденот, Dame Marny Gilluly. Американските експерти во изработката на нашиот семеен грб употребија древни симболи (лавот од Амфиполис, Аргеадската Sвезда, Маркови кули), а како мotto го ставија нашето семејномotto “Je Maintendrai” (“Опстојувам”).
Врз основа на погоре прикажаното – повеќе од 80-годишна политичка и градежна традиција на нашето семејство, големи професионални достигнувања на меѓународно ниво, голем придонес за развој на најголемите македонски градежни компании (илјадници македонски семејства преку една деценија земале плати од парите што сум ги обезбедил за Македонија преку обезбедените и реализирани проекти во странство), големото реноме што го достигнав кај меѓународно значајни организации, решив да поднесам апликација во СДСМ за непартиски кандидат за Претседател на Северна Македонија. Нашата земја заслужуваше да добие независен Претседател со меѓународно искуство и углед.
Nocev 12 Nocev 13 Nocev 14

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×