Инциденти во албанскиот Парламент: Еди Рама гаѓан со солзавец и со чизми
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Протест на опозицијата со неуспешен обид за насилен упад во Парламентот, употреба на солзавец, повредени и приведени повеќе лица, судир меѓу пратениците и припадници на националната гарда, која неколкупати интервенираше во собраниската сала, е кусиот приказ од денешната тензична ситуација во и пред албанското Собрание, на чиј дневен ред е изборот на нов државен јавен обвинител на Албанија.

Освен судирите надвор од Парламентот, како што јави дописникот на МИА, инциденти имало и во собраниската сала, почнувајќи од непосредниот судир на поранешниот албански претседател и премиер и екс лидер на демократите, Сали Бериша, со гардистите, фрлениот солзавец од страна на пратеникот Фљамур Нока кон премиерот Еди Рама, па до напад врз пратеничка од Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), која при тоа беше повредена.

Инцидентот во салата ескалираше кога лидерката на ЛСИ и сопруга на актуелниот претседател на државата, Илир Мета, Моника Круемади, имаше неуспешен обид да го погоди Рама со чизми.

Но, и покрај хаосот кој владее во салата, владејачкото мнозинство се обидува да ја продолжи седницата и да го избере новиот државен јавен обвинител.

Претходно, приврзаниците на опозицијата што протестираат пред Парламентот се обидоа насилно да влезат во дворот на Законодавниот дом, при што се судрија со полицијата. Веднаш реагираше полициската единица за брзи интервенции, која повторно успеа да го воспостави кордонот од полицајци, но состојбата е и натаму тензична.

Собраниската седница почна со остри тонови, навреди и барања за оставка на Владата. Во Парламентот дојде и до инцидент меѓу пратеници од опозицијата и припадници на Националната гарда, кои дошле со задача да ја смират ситуацијата.

„Ова е црн ден за демократијата. Се обидуваат да го прекршат Уставот и неуставно да изберат државен јавен обвинител, со цел да се заштитат од нивните криминални активности“, изјави лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша пред пратениците.

Опозицијата бара решението да биде во согласност со Уставот со кој, според нив, се бара професионален јавен обвинител, а не политички.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×