Инвестирајте во изградба на станови, профитите се извонредни!
Објавено на од во Топ Теми

Изградбата на станови и деловен простор е меѓу најпрофитабилните бизниси во Македонија, профитните маржи на најуспешните компании од овој сектор се движат од 20 до 50%, неколку пати повисоки од оние на фирмите што претежно работат на градежни проекти финансирани од државата. Меѓу 30-те најпрофитабилни компании во земјава, шест се од градежната индустрија, а четири од нив работат исклучиво во изградбата на станови и деловни објекти. 

24 градежни фирми има меѓу 200-те најпрофитабилни во Македонија
7,3 милиони евра е добивката на најпрофитабилната градежна фирма

Изминативе 2-3 години имаше многу “анализи“ за тоа дека станбениот и деловниот простор во Македонија ќе поевтинат затоа што пазарот е презаситен , дека бројни градежни фирми ќе почнат да паѓаат со приходите и добивките, дека на добар дел од нив им се заканува банкрот затоа што се заглавени кај банките со големи кредити… Ниту видовме дека квадратот нешто значително падна со цената, ниту фирмите прават помалку пари, а скраја да е од банкрот. Напротив, градежништвото се покажа како сектор што бележи најголеми стапки на раст, расте побрзо од сите други клучни индустриски сектори во државава.

Анализата на работењето на 200-те најпрофитабилни фирми во Македонија, покажа дека меѓу нив има 24 градежни фирми, за кои што минатата година беше прилично добра, пред с$ заради бројните инфраструктурни и други јавни проекти што го почна Владата, но и заради изградбата на голем број станбени и деловни објекти. Компаниите што градат станбен и деловен простор всушност се и најбројни од градежниот сектор меѓу 200-те најголеми во земјава. Нивните сопственици тврдат дека побарувачката на станови не стивнува, напротив, расте, а статистички податок во прилог на оваа теза е порастот на станбеното кредитирање. Банките во првите седум месеци годинава одобриле за 10% повеќе кредити за купување станови во однос на истиот период лани.

Дека изградбата станови и деловни простории е многу профитабилна периодов покажуваат и нето добивките на овие компании, меѓу кои прва е ГП Пелистер од Битола, со чиста добивка во 2013 година е 7,3 милиони евра, со приходи од 22 милиони евра, значи профитна маржа од одлични 33%. На второ место е Адора Инженеринг, со 6,2 милиони евра чиста добивка и приходи од 17,8 милиони евра, и слична профитна маржа како и ГП Пелистер, од 34,6%. Следат Гранит, со 5,2 милиони евра и приходи од 92,4 милиони евра, профитна маржа од 5,67% (компанијата е ангажирана повеќе во инфраструктурни и јавни објекти, одошто во комерцијални станбени објекти и деловен простор, н.з.), потоа Жикол со 4,11 милиони евра чиста добивка од 18,4 милиони евра приходи (профитна маржа 22,4%), ГП Илинден од Струга, со профит од два милиони евра и приходи од 14,2 милиони евра (профитна маржа од 14,1%), итн.

Апсолутен шампион според профитната маржа меѓу градежните компании е Марковски компани од Битола, со приходи во 2013 од 11,4 милиони евра и профит од 5,14 милиони евра, што значи профитна маржа од дури 45%. За оваа компанија се знае дека е ангажирана на градежни работи за потребите на РЕК Битола.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×