Инвестирањето во човечки капитал може да ја реши демографската криза
Објавено на од во Економија
Инвестирање во човечкиот капитал, особено во здравјето на луѓето, образованието и иновативниот потенцијал е клучната стратегија за одговор на демографските промени во Југоисточна Европа, заклучија учесниците на регионалната конференција што во Сараево ја организираше Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА.
500px-UNFPA_logo.svgНа конференцијата беше посочено дека државите од Југоисточна Европа со години имаат ниски стапки на фертилитет и високи стапки на миграција, најчесто на млади луѓе и оти ова води кон тоа државите во регионот да стануваат се помали и се постари. Над 100 претставници на влади, граѓанското општество, меѓународни организации и академците идентификуваа серија на стратегии како одговор на демографските промени.
“Очигледно е дека рапидната демографска промена во Југоисточна Европа бара итни одговори. Но, мора да се тргнеме настрана од негативните сценарија и да ја претвориме кризата во можност”, истакна Алана Армитаж, регионална директорка на Источна Европа и Централна Азија.
Според неа, целта е да се креираат држави каде луѓето сакаат да живеат и да се создадат општества каде младите луѓе ќе може да ги реализираат своите соништа и да ја изградат својата иднина.
Дводневната конференција ја организираше УНФПА во соработка со Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Советот за регионална соработка и Економската комисија на Обединетите нации за Европа. Конференцијата е дел од низата настани што водат до Самитот во Наироби за ICPD25 што ќе се одржи од 13 до 15 ноември годинава.
Оваа година, УНФПА ја одбележува својата 50-годишнина и 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×