Инвеститор направил 40% принос на својот хеџ фонд додека Волстрит вртоглаво паѓаше
Објавено на од во Компании
Кевин Смит, шефот на Crescat Capital, објави дека двата клучни инвестициски фондови на неговата компанија направиле принос од 40,5% и 34,5% помеѓу 20 февруари и 20 март.
 Crescat prinos
Шеф на инвестициски хеџ фонд и следбеник на филозофијата на Ворен Бафет направил 40% заработка за време на паничната распродажба на Волстрит што се случи во февруари и март, откако повеќе од две години “се обложувал“ против самите берзи.
Кевин Смит, основач и шеф за инвестиции на Crescat Capital, во своето најново писмо до инвеститорите открива дека т.н. макро фонд на групацијата остварил 40,5% принос помеѓу 20 февруари и 20 март. Еден друг фонд на Crescat остварил 34,3% принос во истиот период, во време кога берзанскиот индекс S&P 500 падна за речиси една третина.
Смит со години e познат по тоа што не верува во растот на акциите, тврдејќи дека „акциите на американските големи корпорации се најпреценети од било кога досега“ во писмо до инвеститорите од ноември 2017 година. Тој задржал 50% од средствата на фондот во кеш и ги пласирал парите во злато и сребро, додека истовремено акциите бележеа рекорден раст, пишува Business Insider. „Тоа е многу тешко, и емоционално исто така, едноставно брутално е“, вели Тејви Коста, портфолио менаџер во Crest Capital.
Оваа „бафетовска“ трпеливост на Смит, всушност, не треба да е изненадување. Татко му го вовел во светот на инвестициите со тоа што му дал да чита своевремено еден куп од фамозните годишни писма до акционерите на стариот лисец од Омаха.
Crescat Capital е лоциран во Денвер, Колорадо, не случајно, вели Смит.
„Бафет ја изгради својата империја од Омаха, Небраска.  Многу е важно да го избегнеш влијанието од тоа што цел Волстрит го мисли, а најдобро да го направиш тоа е и физички да се дистанцираш од Њујорк“.
Почитувањето на филозофијата на Бафет за долгорочно инвестирање и избегнување на „менталитетот на стадото“ се главните фактори што му помогнаа на Смит да донесе одлуки што на крајот му се исплатеа, кога сите панично бегаа од акциите и нивните цени паѓаа среде корона – кризата.
“Крахот ќе дојдеше, со или без пандемијата од коронавирусот“, им рече Смит на инвеститорите минатата недела.
Тој ќе продолжи да „се обложува“ дека акциите ќе паѓаат, односно ќе задржи т.н. net short позиција (кога инвеститорите позајмуваат акции што ги препродаваат веднаш, очекувајќи дека цената ќе падне. Потоа ги купуваат по пониска цена, ги враќаат на тој што им ги позајмил, а разликата е нивната добивка, н.з.) затоа што очекува и понатаму да има проблеми со цените на акциите  и на останатите сегменти на пазарите на капитал. Клучните причини за овие негови предвидувања се преценетата кинеска валута – јуанот, односно меурите на банкарскиот пазар и пазарот на недвижнини во Кина што се очекува да се случат.
Меѓутоа, Смит е спремен да ја смени тактиката штом макро моделот на Crescat (модел на инвестирање при што се антиципираат  и анализираат глобални економски трендови , движење на каматни стапки, меѓународна трговија, политички промени, итн. н.з.) штом тој покаже дека пазарите и економијата го допреле дното.
„Тогаш од мечки ќе се претвориме во разбеснети бикови“, напишал тој во писмото до инвеститорите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×