Инвестиција на Бимилк од 2 милиони евра, за модерна машина за ПЕТ-пакувања
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Млекарницата Бимилк со нова инвестиција од 2 милиона евра набави современа опрема за полнење ПЕТ-шишиња, што веќе се користи во производството на Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+ во ПЕТ-амбалажа.

Новата „ultra clean“ машина од најнова генерација, овозможува уште поголема сигурност и квалитет на производите, а со капацитетот на полнење од 6 000 до 7 000 шишиња ќе доведе до зголемување на производните капацитети на Млекарницата за 50%.

„Новата машина, која ќе го зголеми капацитетот на производството во млекарницата, ќе овозможи, пред сè, задоволување на потребите на сè поголемиот број потрошувачи. Наша долгорочна цел е да ја одржиме лидерската позиција на пазарот, а ова можеме да го постигнеме, пред сè, ако се обѕираме на потребите на потрошувачите и со континуирано вложување во квалитетот на производите и со унапредување на производството. Благодарение на новата инвестиција, потрошувачите ќе можат да уживаат во своите омилени производи: Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+  во попрактичното ПЕТ-шише“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер на Бимилк.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×