Инвестиција во Косово вредна 3,2 милиони евра
Објавено на од во Банки и бизнис

ProCredit WEB 894ПроКредит Банка отвори нов регионален центар за обука

ПроКредит Групацијата отвори уште еден центар за обука на својот кадар во регионов – новиот тренинг центар се наоѓа во Превале, крај Призрен, и  ќе обезбедува напредни курсеви за обука и продлабочување на професионалното знаење на вработените во сите банки на групацијата во регионов.

 

Кога стигнавме до новиот Регионален центар за обука што ПроКредит Банка го отвори во Превале крај Призрен, во соседно Косово, заборавивме промптно и на маглата и смогот што нè чекаа назад во Скопје, и на безбројните кривини по патот до ова планинско место, што предизвикуваат мачнина во стомакот. Пред нас се отвори спектакуларна глетка – снежните врвови на Шар Планина, а наспроти нив во зимското сонце се капеше објектот на ПроКредит.

Со колегите од останатите македонски медиуми што дојдоа на отворањето на Центарот минатата седмица на покана од банката, забележавме дека регионалниот центар за обуки е изградена во извонредна околина која истовремено овозможува услови за квалитетни обуки и надоградување на вработените, како и ужување во прекрасниот пејсажот на Шар Планина и просторот наменет за рекреативни спортови.

Веќе беа  пристигнале  колеги  од медиумите во Косово и Албанија , како и останати гости на настанот, што официјално требаше да започне за околу еден час. Се разбира, сите беа излезени на терасата каде што имаше организирано мало загревање со чај и вино, уживајќи во амбиентот.

Напредни обуки за вработените од сите ПроКредит банки во регионот

Потоа сите се упативме пред влезот на зградата, каде што генералниот  директор на ПроКредит Банка Косово , Илир Алиу и министерот за финансии на Косово, Авдулах Хоти, свечено ја пресекоа црвената лента и го означија официјалното отворање на Регионалниот центар за обука, кој што е инвестиција од 3,2 милиони евра.

„Успесите и одржливоста што ги покажуваме во нашето работење се директен резултат на нашата посветеност за постигнување на целите согласно мисијата и визијата на банката. Меѓутоа, не можеме да постигнеме ниту една од тие цели без тим од мотивирани, посветени и добро обучени вработени. Затоа, постојаното вложување во обука и развој на нашите вработени за нас е од особено значење“, рече Илиу, кој што е и член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка Македонија.

Регионалниот центар за обука, ќе обезбе-дува напредни курсеви за обука и продла-бочување на професионалното знаење на вработените во ПроКредит банките во регионот, објаснија од банката.

Обуката за вработените ќе биде приспо-собена на областа во која работат со цел подобрување на нивните аналитички и интерперсонални вештини. Дополнително во овој центар за обука ќе се спроведува и ProCredit Entry Programme, која е обука за потенцијалните вработени во сите ПроКредит банки во регионот и се одвива централизирано, само на англиски јазик. ПроКредит Банка, на групациско ниво, инвестира околу 12 милиони евра годишно во обука и развој на своите вработени, беше истакнато.

“Ние веруваме дека изборот на Косово како локација за Регионалниот центар за обука дополнително ја покажува посветеноста на групацијата ПроКредит на подобрување на едукацијата, развивање на банкарскиот сектор и промовирање економски развој во земјата.“,  додаде Алиу, а Борислав Костадинов, член на Управен одбор на ПроКредит Групацијата потенцираше дека „Новиот центар за обука во Превале, Призрен, покажува дека сме сериозни кога станува збор за обезбедување стимулативна средина за целиот наш персонал во која тие можат дополнително да ги развијат нивните вештини и да учат еден од друг“.

ProCredit WEB 894 01
Средба со првиот човек на ПроКредит Групацијата

На официјалното отворање на тренинг центарот присуствуваше  и заменик гувернерот на Централната банка во Косово којшто ја истакна значајноста на Регионалниот центар за обука во поглед на поквалитетен банкарски кадар на пазарот во Европа, а Германската Амбасадорка во Р. Косово, НЕ г- Ангелика Виетс потенцираше: “Горди сме што можеме да кажеме дека ПроКредит Банка е германска банка со германски капитал и стандарди“.

Како и новата управна зграда на  ПроКредит Банка во Македонија отворена неодамна, така и регионалниот центар за обука е изграден во согласност со највисоките стандарди за заштита на животна средина. Во објектот се направени инвестиции за современа термичка изолација, фотово-лтаичен систем за производство на енергија, соларен систем за греење вода и капацитети за греење што користат дрвени пелети. Објектот се наоѓа на 3.300 m² поден простор, со 32 простории и 4 предавални, како и рекреациони области на отворено и на затворено.

На отворањето на Регионалниот центар за обука присуствуваше и Претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Холдингот, Д-р Клаус Петер Цајтингер, најголем акционер во групацијата, којшто не зборуваше во официјалниот дел на церемонијата, но одржа неформална сесија со поканетите новинари, заедно со уште неколку членови од топ менаџментот на групацијата.

Остави впечаток со својата отвореност и непосредност, иако призна дека не љуби многу публицитет и јавни обраќања. Доктор на екомонски науки и дел од тимот предавачи на академиите на ПроКредит и тоа на темите филозофија, антропологија и историја на религиите, г-дин Цајтингер изјави дека очекува да продолжи растот на економиите во регионов, поддржан делумно и од активностите на ПроКредит банките, кои што финансираат исклучиво мали и средни компании.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×