iPhone X од денеска е на пазарот
Објавено на од во hi-tech & business

Продажбата на новиот iPhone X, создаден специјално за десетгодишнината од првиот смартфон на Apple, почнуваат од денеска, објави France-Presse.

Продажбата ќе почне истовремено во 50 држави во целиот свет, а во САД цените почнуваат од 999 долари. iPhone X беше претставен во средината на септември, заедно со „регуларниот“ iPhone, верзија 8.

Како ќе оди продажбата на „иксот“ ќе се следи со особено внимание, најмногу поради гласините за разочарувачка продажба на iPhone 8, кој на пазарот е од 22 септември.

Apple последниве денови направи напор да ги засили апетитите на фановите, поканувајќи ги на својот сајт да отидат „порано“ во продавниците за да си купат „X“, со што на некој начин им даде за право на претпоставките дека овој модел ќе биде со ограничена достапност. Во објавата на Apple се вели дека „интересот е многу голем“, но не се посочуваат бројки.

Шефот на компанијата, Тим Кук, го претстави iPhone X како „иднина на смартфоните“, а истиот можеше да се нарача веќе од 27 октомври, при што објавениот број на уреди се распродаде за неколку минути, како што објавија американските медиуми.

Од појавата на првиот iPhone во 2007 година, продадени се вкупно 1,2 милијарди уреди под ова име.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×