Иран отстранува четири нули од својата валута и и’ го менува името
Објавено на од во Економија

Иранската влада го одобри планот за отстранување на четири нули од својата валута, како и за нејзино преименување, пренесоа глобалните агенции.

риал„Кабинетот денес го усвои законот за отстранување на четири нули валута, како и промена на името во„ Томан “, изјави пред новинарите владиниот портпарол Али Рабии.

Вредноста на иранскиот Риал достигна рекордно ниско ниво минатата година, откако САД излегоа од нуклеарниот договор и повторно воведоа санкции кон Исламската држава. Пред три години, 37.000 риали купуваа еден долар, но минатата година курсот се сруши на 180.000. Денес, еден долар се разменува за 120.000 риали, а официјалната стапка е 42.000 за 1 американски долари.

Ова значи дека секој без банкарска картичка ќе мора да плати повеќе и да поседува многу кеш само за да купи секојдневни производи.

За да се поедностават трансакциите, Иранците одамна ја нарекоа својата валута томан и ја елиминираа нулата, единствен систем што ги збунува странците. Томан беше името на валутата пред 1925 година.

Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека иранската економија ќе се намали за 6% оваа година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×