Ирска ќе забрани вложување во необновливи извори на енергија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Енергетската политика на поголем дел од светот сѐ повеќе се свртува кон обновливи извори на енергија, напуштајќи ги фосилните горива. Некои држави, како Норвешка и Исланд, веќе почнаа со целосно напуштање на необновливите извори, но се чини Ирска би можела да биде прва што целосно ќе ги елиминира на државно ниво.

Имено, тамошниот Парламент донесе одлука со која на државниот Фонд за стратешки инвестиции, кој располага со 8 милијарди евра, му се забранува во иднина да вложува во која и да е индустрија поврзана со фосилни горива.

Откако ќе биде донесен соодветен закон, Фондот ќе има рок од пет години да ги распродаде своите удели во компаниите поврзани со производство на енергија од фосилни горива, и да се сврти исклучиво кон обновливите извори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×