Ирска трета година по ред најбрзо растечка економија во ЕУ
Објавено на од во Економија

IrskaИрска во 2016 година остварила економски раст од 5,2%, објави Централниот статистички завод. Со тоа Ирска трета година по ред забележи најбрз раст во Европската унија (ЕУ).

Економскиот раст на Ирска минатата година бил повеќе од тројно поголем од просечниот раст во еврозоната кој лани изнесуваше 1,7%.

Економскиот раст е продолжен и годинава, а стапката на невработеност во Ирска е повеќе од преполовена во споредба со невработеноста од над 15% за време на финансиската криза.

Централниот статистички завод објавува дека отворањето на нови работни места поттикна и раст на личната потрошувачка од 3%.
Министерството за финансии на Ирска очекува дека економскиот раст ќе биде над 3% и во текот на следните три години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×