Ишингер: Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО треба да биде одблокиран
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Патот на Македонија кон Европската унија и НАТО требаше одамна да биде одблокиран, смета претседавачот со Минхенската безбедносна конференција и поранешен германски амбасадор во САД, Волфганг Ишингер.

„Патот на Скопје кон ЕУ и НАТО треба да се одблкира. Тоа требаше одамна да биде сторено“, вели Ишингер на неговиот Твитер профил.

Тој коментираше на твитот на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, дека Македонија е еден од неколкуте примери на успешна превентивна дипломатија и оти по долго чекање време е за пробив на земјата во ЕУ и НАТО.

„Македонија е еден од малкуте примери на успешна превентивна дипломатија. Но, запирањето на негативната динамика не е доволно. Време е да се искористи приликата за забрзување на позитивната динамика и постигнување неповратен успех“, вели Димитров кој на крајот му се заблагодарува на Ишингер за одличната организација на Минхенската безбедносна конференција.

Шефот на дипломатијата, Димитров, заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, учествуваа на 54. Минхенска безбедносна конференција што се одржа минатата недела, која се смета за водечки глобален форум на кој се дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×