Историски момент: HSBC ја направи првата финансиска зделка со блокчеин технологија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
HSBC

Британската банка HSBC објави дека ја извршила првата финансиска зделка со блокчеин технологија. Со тоа се отвора вратата за воведување на оваа технологија на финансискиот пазар вреден 9 трилиони долари, соопштува Фајненшл Тајмс.
Финансиската институција објави дека обработувањето на акредитив за американската Cargill, користејќи блокчеин технологија, докажува дека платформата е подготвена да биде применета во целата индустрија.
Оваа прва трговско-финансиска трансакција со блокчеин е за доставка на соја од Аргентина до Мaлезија за компанијата Cargill.

HSBC го издала акредитивот користејќи ја платформата Corda Blockchain, која е разработена од технолошкиот конзорциум R3, а холандската ING, која исто така почна да ја применува технологијата, е контрагент на зделката.

Акредитивите се издаваат од една банка на друга, за да гарантираат дека плаќањето ќе биде добиено од страна продавачот под одредени услови. Традиционално, тој процес одзема многу време, многубројни извештаи и хартија, како и многу часови комуникација меѓу различните страни кои учествуваат во зделката. Блокчеин технологијата ветува дека ќе го промени тоа.

Блокчеин револуција

Воведувањето на блокчеин технологијата, која е во основа на криптовалутите како биткоин, се очекува целосно да ја промени трговско-финансиската индустрија. Платформата ќе ги замени многубројните документи и денови за обработка на една трансакција со бесхартиена активност која може да биде завршена за неколку часа.

Вивек Рамачандран, раководител за иновации и раст во трговскиот оддел на HSBC вели дека целта е да се охрабрат што е можно повеќе компании да ја воведат технологијата, за да биде користена што пошироко.
Кога банките, транспортните компании, пристаништата и царинските оператори користат еден ист систем, ефективноста ќе биде многу поголема и расходите ќе се намалуваат.

Според него, во следните пет години компаниите ќе воспоставуваат општи платформи и стандарди за блокчеин трговијата, што ќе ја промени индустријата во целост.

Блокчеин технологијата има потенцијал да промени и многу други индустрии. Технологијата може да биде искористена за криптирање и чување на податоци во редица други сектори од регистрација на сопственост до медицински и осигурителни досиеја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×