Источна Европа го менува економскиот модел
Објавено на од во Економија

42 тДоста им е од привлекување странски инвестиции со евтина работна рака

Од Варшава до Рига, владите почнуваат да ги кршат границите на економскиот модел што ги привлекуваше западните инвеститори скоро три декади, со нископлатената и послабоквалификувана работна рака. Платите во овој регион растат, и државите прават напори за подобрување на квалификуваноста на работната сила

Кога по паѓањето на комунистичкиот режим во Чехословачка, браќата Баумрук почнале да произведуваат едноставни машински делови во гаража, тие можеле да сметаат на една важна компонента – евтина работа рака. Нивните вработени биле подготвени да вршат рачна работа за само дел од платата што ја добивале Германците од другата страна на границата, пишува Bloomberg.

Скоро три декади подоцна, истоимената компанија е непрепознатлива. Објектите на фабриката блиску до Плзен се снабдени со првокласни машини од Јапонија, кои пресуваат лим и произведуваат цевки за производители на опрема како Deere & Co. Машините ги управуваат висококвалификувани инженери, кои добиваат плата над просечната во државата.

„Претходно луѓето, вработените, беа евтини, и ние не можевме да си дозволиме да ги купиме машините. Сега вистинскиот човек за конкретно работно место е повреден за нас од скапата опрема“, вели еден од синовите на основачот на компанијата, Мартин Баумрук. Тој ја води компанијата чија годишна продажба достигнува околу 10 милиони евра.

Бизнисот на Баумрук е овоплотување на новата реалност што ги трансформира поранешните социјалистички економии од источна Европа. Од Варшава до Рига, владите почнуваат да ги кршат границите на економскиот модел што ги привлекуваше западните инвеститори скоро три декади, врз основа на нископлатената и послабоквалификувана работна рака. Со растот на платите и намалувањето на невработеноста до околу 4% во големите држави политичарите осознаваат дека треба да инвестираат повеќе во истражувања и образование.

Растечките плати се причина за преместувањето на работни места во фабриките, кон поевтини држави. Јапонската компанија Yazaki, на пример, го преместува производството на кабли за автомобилски инсталации од Плзен во Србија, каде платите во индустријата се скоро 60% пониски. Во Полска приливот на работници од Украина ја поткопува работната сила и ги намалува платите.

Владата на Чешка, каде населението е едно од најдоброобразованите во регионот, создава програми за развој, што го натераа германскиот концерн BMW да инвестира 200 милиони евра во научен центар за развој на дигитални технологии и автономни автомобили. Во Романија даночните олеснувања привлекоа компании како Oracle и IBM.

Во Полска, компании како Amazon, JPMorgan и IBM основаа локални или дистрибутивни центри, со што директните странски инвестиции во државата достигнаа рекордни 10 милијарди долари во 2016 година. Тоа делумно се должи на фактот што во Полска нивото на образование на работната сила е повисоко во однос на платите, во споредба со други делови од источна Европа, вели професорката по економија на Варшавскиот универзитет и коосновачка на истражувачкиот центар GRAPE, Јоана Тирович.

За да најде решение за растечките плати, источна Европа може да позајми искуство од држави кои ги поминале патот на развојот, како Тајван и Јужна Кореја, кои во последните неколку декади направија премин од нискоквалитетно индустриско производство кон технолошки иновации. Професорот на универизетот Харвард, Џефри Фриден, смета дека државите треба да произведуваат производи што одговараат на нивото на платите, и покрај тоа што тоа се менува.

„Лесно е да се каже дека треба да го промениме економскиот модел, но тешко е тоа да се направи“, вели главниот економист на Deloitte во Прага, Давид Марек.

„Економиите во источна Европа не може да излезат од стапицата да се „производната линија“ на западна Европа, додека не почнат да инвестираат разумно во научно-развојна дејност“, додава тој.

Романија, на пример, има недостиг од барем 10 илјади програмери. Богдан Балан, кој работи за меѓународна финансиска компанија, вели дека научил да програмира и покрај, а не благодарение на универзитетскиот систем во државата.

„Предметите во повеќето универзитети се многу застарени и треба значително да се променат“, вели тој. Сепак, 32-годишниот софтверски инженер заработува околу три илјади евра месечно, во споредба со просечната плата во државата, од 536 евра.

„Имав можност да ја напуштам државата. Но, семејството ме убеди да се обидам одново. Киријата ми ја плаќа компанијата, а даноците за ИТ специјалисти се доста помали“, додава Балан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×