Источна Европа магнет за инвестиции во гејминг индустријата
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

Glavna gВо поширокиот регион работат над 200 студија за видео игри со 10 илјади вработени

Индустријата за видео игри и во моментов е многу силна, но прогнозите се дека експанзијата допрва следи. Последниве години видлива е огромна активност во многу од државите во регионот сфатен и пошироко – особено во Бугарија, во Романија, во Србија и во Украина, кои се развиваат исклучително брзо во сферата развој на видео игри. Учесниците на пазарот се сигурни дека локалната гејминг индустрија има голем потенцијал, и им порачуваат на тукашните влади да помогнат во развојот на овој сегмент од економијата, како што се прави во Британија, во Финска, во Полска …

Инвестициите во индустријата за игри во источна Европа растат со брзо темпо, е заклучокот од бизнис конференцијата Game Dev Summit 2017, што беше спроведена во рамките на ON! Fest во Софија, Бугарија.

Според зборовите на Андреа Пер од Романската асоцијација за развој на игри (Romanian Game Developers Association), индустријата е носител на иновации и на економски развој.

„Државната администрација во држави како Велика Британија, Финска и Полска јасно го сфаќа ова и се стреми да го развие овој сегмент од економијата преку различни програми, грантови и трговски мисии. Време е тоа да се случува и во источна Европа“, рече Пер.

Во источна Европа работат веќе над 200 студија, а голем дел од нив се базирани во Романија. Бројот на вработени во овој сектор веќе е над 10 илјади. Романија води во оваа категорија, следена од Белорусија, со најмногу специјалисти вработени во секторот.

Клучни играчи во регионот се меѓународните компании Gameloft, Ubisoft, Electronic Arts, Wargaming и локалните како Империја Онлајн и Haemimont Games во Бугарија, Amber во Романија, Eipix Entertainment во Србија и други.

Специјален гостин на Game Dev Summit 2017 беше претставничката на романскиот акцелератор за гејминг компании (поддржуваат независни развивачи од источна Европа), Carbon, Каталин Бунариу.

И таа зборуваше за голема активност во овој сектор во регионот.

„Последниве години видлива е огромна активност во многу од државите во регионот – особено во Бугарија, во Романија, во Србија и во Украина, кои се развиваат исклучително брзо во сферата развој на видео игри. Секоја од државите во источна Европа може да се пофали со успешни гејминг компании, меѓу кои Империја Онлајн во Бугарија, Nordeus во Србија, како и со оперирањето на локални филијали на мултинационални развивачи и издавачи, меѓу кои Ubisoft, Gameloft и Creative Assembly в Бугарија, како и Electronic Arts во Романија. Овие меѓународни компании многу помагаат за развојот на индустријата и ги мотивираат независните развивачи на игри. Мислам дека допрва почнува да се обрнува внимание на локалната гејминг индустрија, што има огромен потенцијал за развој“, раскажа Бунариу.

За гејминг индустријата на глобално ниво прогнозите се дека вистинската експанзија допрва треба да се очекува. Веќе до 2020 година индустријата за видео игри треба да донесе приходи од дури 1,5 милијарди долари. Понатаму, илустративно во контекстот е што еСпортот (ако со ова име обединиме сѐ врзано за гејмниг индустријата, како што често се прави) е предмет на интерес на големи светски компании, па дел од него (од еСпортот) е спонзориран од Red Bull, од Coca-Cola, од Intel, од Samsung …

Игрите за мобилни сега „прават“ повеќе пари од оние за PC или за конозли

Во последните неколку години мобилните игри имаат водечка позиција на светско ниво. На Game Dev Summit 2017 се спомена дека над 36% од развивачите (developers) на игри за мобилни уреди се базирани во Европа. Азиските пазари водат во категоријата, што се должи на спецификата на корисничките барања во тој регион. Азиските, пак, компании стануваат еден од главните инвеститори во секторот видео игри во Европа.

Годинава се очекува игрите за смартфони и за таблети да донесат 42% од глобалните приходи на пазарот за игри, покажува извештај на Newzoо (компанија за аналитика во делот на гејмингот, на е-спортовите и на мобилните пазари). Со ова мобилните игри се наметнуваат над традиционалните. На пример, игрите за конзоли како PlayStation 4, се очекува да донесат 31% од глобалната продажба, а за компјутерите 23%.

Смартфоните се голем катализатор на растот во индустријата последниве години, благодарение и на нивната сеприсутност. Иако квалитетот на игрите за мобилни уреди не е толку висок како оние наменети за компјутери или за PS4, тие ги раширија хоризонтите на гејминг индустријата и ја направија достапна за повеќе луѓе.

Според Newzoo, глобалните приходи во 2017 од гејминг индустријата, најмногу ќе дојдат од игрите за смартфони (32%), за конзоли (31%), за компјутери (23%), за таблети (10%) и за пребарувачи на компјутер (4%).

Мобилните игри уште повеќе ќе се развиваат, бидејќи во новите сфери, како виртуелна и проширена реалност, нудат поедноставно користење. Најдобар пример за тоа се VR (virtual reality) очилата, за какви што во компјутерска или верзија за конзола треба да се одвојат многу повеќе пари. И барањата на компјутерите за работа со VR се многу високи, а, како што рековме, треба да се купи и значително поскап VR уред како, на пример, HTC Vive, додека за користење VR на PS4 Pro треба да се вложи во уште еден дополнителен уред, PSVR.

За да се играат VR игри на смартфон доволно е да се купат VR очила во кои се вметнува телефонот, а тие во интернет продавниците се достапни веќе за неколку долари. За волја на вистината, мобилните VR игри не се ниту приближно толку уверливи како оние за компјутери и за PS4, но доволно се добри за да ги заинтригираат играчите и за да понудат солидно искуство. Мобилните игри се и најчесто бесплатни (со реклами) или се достапни веќе за неколку долари, што е многу помалку од просекот за конзоли и за компјутери.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×