Историски момент: направена првата трансплантација на срце во Македонија
Објавено на од во Економија
Мешан медицински тим од државните и приватните клиники во Скопје под водство на д-р Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), д-р Жан Митрев (Клиника Жан Митрев)  д-р Александар Николиќ (Клиника Систина) и д-р Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ) ја направија успешно првата трансплантација на срце од починат донор во земјава, со што е продолжен животот на 54 годишен пациент. 
100551714_1576500612525922_4859103150021279744_o
На државната клиника за кардиохирургија во Скопје, по 6 часа операција, во 2 часот по полноќ беше трансплантирано срце од починат донор во телото на 54 годишниот пациент. Два бубрега од истиот донор се трансплантирани на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години биле на дијализа, јавија од Министерството за здравство.
Првата трансплантација на срце во координација со министерот за здравство др Венко Филипче ја започна и ја водеше Националниот координатор за трансплантација др Маја Мојсова Мијовска. Таа со својот тим болнички координтори- др Билјана Андоновска, др Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направија сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.
„Трансплантацијата е успешна. Ова е голем ден за нас. Посебен по многу нешта. Би сакале најпрво да се заблагодариме на семејството на донорот. Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моменти кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме им бескрајно благодарни. Тие се се хероите на оваа приказна. Би сакал да им се заблагодарам на лекарите од јавното и приватно здравство, медицинските сестри, координаторите и сите оние кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е огромен успех за македонското здравство“, порача Филипче.
99156584_2394862240820795_3253999302283886592_o

Министерот Филипче во посета на пациентот после успешно направената трансплантација ноќеска на државната Кардиохирургија

На експлантацијата работеа др Марјан Шокаровски и др Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, др Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја водеа др Маја Мојсова Мијовска, др Весна Дурнев и др Билјана Андоновска.
Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. др. Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со др Васил Папестиев, Др Марјан Шокаровски, др Ванѓел Здравески, др Кујтим Џелили, др Тања Анѓушева, др Никола Христов,  др  Стефанија Хаџиевска, Др Надица Мехмедовиќ, др Весна Миташова, Др Јасмина Илиевска, др Марија Гераковска и др Димче Славевски од Аџибадем Систина.
На Клиниката за урологија на трансплантациите на бубрезите работеа лекарски тимови под раководтсво на др Сашо Дохчев, др Александар Трифуновски, др Ставридис и др Јанчулев  со тим лекари од клиниката.
Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања и секако на лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа.
Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×