Историски рекорд: „Apple“ достигна вредност од 700 милијарди долари
Објавено на од во Економија
Тим Кук, извршниот директор на Apple, вели дека бумот на пазарот за мобилни телефони и штотуку лансираниот паметен часовник се главна причина за овој успех

„Apple“ штотуку стана првата компанија во светот чија пазарна вредност достигна 700 милијарди долари. Откако вчера беше најавен напредокот на компанијата на пазарот за паметни телефони, односно новите паметни часовници, акциите на овој технолошки гигант нагло скокнаа. Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, изјави дека оперативниот систем iOS веќе се применува во различни области од секојдневниот живот.

„Направивме многу работи за унапредување на глобалната присутност на Apple. Веќе имаме многу дистрибутери во Кина, а низ светот отворивме речиси 20 000 нови продажни места“,  рече Кук, потенцирајќи дека компанијата направила приход од околу 50 милијарди долари само во изминатата календарска година.

Според соодносот на заработувачката која често се користи од страна на „Wall Street“, технолошкиот гигант во овој момент вреди 16 пати повеќе отколку што заработува на годишно ниво.

Инаку, втора компанија со најголема пазарна вредност е „Еxxon Mobil“ со 382 милјарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×