Истрагата за Јахиу иницирана од служби од ЕУ и Италија, за мито од 38 илјади евра
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Поради земено мито од 38 илјади евра, полицијата го уапси Јахи Јахиу – државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, објавува Алсат.
brojcanikОбвинителството и МВР се сомневаат дека Јахиу и негов колега земале пари и овозможиле предност за фирма која го добила тендерот за да спроведе ИПА проект вреден над еден милион евра, по сè изгледа, за координација на обуките во јавната администрација.
На Јахиу и колегата дури им било платено и патување во странство. Ја информирале фирмата-апликант за условите во тендерот и овозможиле повластена позиција во трката. Истражните органи од земјава, истрагата ја воделе во координација со италијанското обвинителство од Милано.
„Координирано спроведени се претреси на локации во Република Северна Македонија и во Република Италија и тоа на пет локации во Скопје и Куманово и на осум локации во Италија во седишта на фирми и во приватни станови. Притоа, МВР заплени во врска со ова кривично дело заплени, десктоп и лап-топ компјутери, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација“, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
Сомнежите за корупција при распределбата на европски пари во земјава траела два месеца. Вклучени се меѓународни организации. Истрагата е иницирана од ОЛАФ – Европска служба за спречување измами.
Основно јавно обвинителство:
Извршени се проверки и потврдување на сомненијата за корупција при доделување на ИПА Фондови во износ од 1,2 милиони евра, во период 2014-2016 година, каде инволвирани биле двајца македонски државјани, а дејствијата биле извршени во Италија, Холандија, Обединето Кралство, Романија и во други европски земји.“
Во заедничкото соопштение на полицијата и обвинителство се потсетува и дека Јахи Јахиу во 2005 година бил гонет за кривично дело за изборни манипулации, но во 2006 година делото било преквалификувано и Јахиу беше осуден само на парична казна. Инаку Јахи Јахиу од 2011 година како кадар на ДУИ ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×