Истражување: Американците најмногу го ценат Обама, па, Трамп и папата
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американците најмногу го ценат својот претседател Барак Обама, покажало истражувањето на агенцијата Gallup. А на второто место по популарност е интересна двојка – милијардерот и претендент за кандидатура за претседател на САД, Доналд Трамп, и поглаварот на римокатоличката црква, папата Францис.

Обама добил 17% од гласовите на анкетата, а Трамп и папата по 5%.

„Изненадувачки силната и често контроверзна кампања на Трамп, го направи една од најистакнатите личности годинава“, наведуваат од Gallup, и потсетуваат дека ова не му е првпат на милијардерот да се најде високо на листата најценети луѓе – таму бил од 1988 до 1990, како и во 2011 година.

Меѓу жените, најпочитувана од страна на Американците е можната демократска конкурентка на можниот републикански кандидат за претседател, Трамп, Хилари Клинтон. Таа веќе 14 години е на врвот на оваа листа.

Инаку, на првите десет места кај мажите се наоѓаат тројца претседатели – покрај Обама, тука се и Џорџ Буш џуниор и Бил Клинтон, како и три актуелни кандидати за оваа функција – покрај Трамп, на листата се и Берни Сандерс и Бен Карсон. Во топ-10 се и тројца духовни лидери – папата, Далај Лама и евангелистот Били Грем. Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, ја затвора листата на десеттото место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×