Истражување: Бугарија е втора во Европа по квалитетот на пивото
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бугарските производители на пиво имаат висок углед во земјата, покажува истражувањето на меѓународниот Reputation Institute.

Репутацијата на пивската индустрија во Бугарија добила 73,7 поени популарност (од можни 100), со што нашиот источен сосед е втора држава во Европа според овој показател; по Чешка, чии производители на пиво добиле 78,3 поени.

Трета е Полска, со 73,2 поени, Шпанија, со 73,1, Германија, со 73,0, Белгија, со 72,3, а најслаби во овој поглед се Турција и Кипар.

Во однос на квалитетот на донашното пиво, Бугарија е, исто така, втора, со 78,1 поени, зад Италија, која има 78,2 поени. Трета овде е Шпанија, со 76,7, потоа е Полска, со 75,0, Романија, со 74,1, Словачка, со 73,4. На дното одново се Турција и Кипар.

Во 2015 година во Европската унија се продадени нешто над 356 милиони хектолитри пиво, што е за 4 милиони хектолитри повеќе во однос на 2014 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×