Истражување на Bertelsmann: Цирих и Лондон имале најголема корист од создавањето на ЕУ
Објавено на од во Економија
Неодамна објавеното истражување на Фондацијата Бертелсман (Bertelmann Foundation), кое го истражува влијанието на создавањето на заедничкиот пазар на ЕУ врз реалните приходи во различните европски региони, покажува дека Цирих, Лондон и Минхен имаат најголем пораст на приходите по глава на жител.
Istrazuvanje 2
“”Во просек, единствениот пазар ги зголемил приходите на своите граѓани за околу 840 евра (940 долари) по лице годишно”, се вели во извештајот, во кои детално се анализирани ефектите на внатрешниот пазар на бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител.
“Единствениот пазар на ЕУ е еден од најголемите двигатели на просперитетот во Европа. Иако некои региони добиваат повеќе од другите, секој победува”, вели Арт Де Гес, претседател и извршен директор на Бертелсман Фондацијата.

Во Извештајот се потврдуваат два главни тренда. Првиот е дека најголемите економии не се тие кои ги имаат најголемите придобивки, туку најголеми се придобивките на релативно малите, но силни извозни земји.

Вториот тренд покажува дека земјите и регионите во географскиот центар или европското јадро имаат најсилни добивки по глава на жител од единствениот пазар и имаат корист многу повеќе од членките на ЕУ на југот и источниот дел од европскиот континент.
Посебно истакнати како најголеми добитници се германските региони Хамбург и Минхен, како и оние во помалите “јадрени” извознии региони во Холандија, Австрија и Белгија.
Просечната добивка по глава на жител во Oberbayern, регионот околу Минхен, изнесува 1.489 евра, а во областа Хамбург 1.478 евра. Бројката за Германија во целина изнесува 1.046 евра, што ја сведува во првите 10 добитници од формирањето на заедничкиот пазар во ЕУ.
Но, Германија, исто така, покажува голема разлика меѓу поранешната источна Германија и Западна Германија. Добивките за Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија изнесуваат само 672 евра и 700 евра по жител.
Најголеми добитници
Цирих и Лондон се меѓу регионите во кои жителите имаат најголема корист, со раст на приходите од над 2.000 евра по глава на жител.  Жителите на Цирих, кој се наоѓа во Швајцарија која не е членка на ЕУ, имаат раст на приходите по глава на жител од 3.590 евра, а жителите на Лондон имаат раст од 2.700 евра по жител.
Ова покажува дека некои од најголемите победници се надвор или може да ја напуштат ЕУ. Луксембург имал раст на приходите по глава на жител од 2.800 евра, а Ирска од 1.900 евра.
 Бугарија, Грција и Романија заостануваат
 “Во Јужна Европа, придобивките се пониски, делумно поради тоа што конкурентноста заостанува”, велат авторите на студијата, наведувајќи ја Шпанија со раст на приходите од 590 евра, Португалија од 500 евра и Грција со добивки од 400 евра по човек.
Бугарија, Романија и Грција добиле најмалку. Приходите по глава на жител во овие земји се зголемени помеѓу 150 и 500 евра, и покрај тоа што станува збор за региони каде што ЕУ имаше значителни” програми за зајакнување на инфраструктурата.
 Во Истражувањето се заклучува дека пошироката примена на правилата на ЕУ и заедничките стандарди би биле од корист за компаниите и работниците во услужната индустрија, за да придобивките бидат поправедно распространети низ цела Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×