Истражување на Monster: 67% од кандидатите немаат можност да преговараат за плата
Објавено на од во Економија
Во неодамнешното истражување на порталот Monster, кое вклучува повеќе од 2.000 учесници, 67% се изјасниле дека не се во можност да преговараат за својата плата.
salary-647Дури 41.5% од 1.982 испитаници се изјасниле дека нивната компанија им ја одредила платата што ќе ја заработуваат, додека само 4.4% од анкетираните добиле повисока плата од таа што ја побарале, 14.6% од учесниците во истражувањето понудиле платен оспег, а работодавачот им понудил плата која се наоѓа во тој оспег, за 15.3% крајната понуда за плата била помала од тоа што тие го побарале, се наведува во истражувањето од Monster.
Кога преговараат за годишен одмор, 22% од вкупно 1.667 испитаници се изјасниле дека биле во можност да го договорат времето за одмор и се согласиле со изјавата “Политиката за одмор е една од причините зошто работам овде“.
32% од испитаниците се обиделе да испреговараат плус неколку денови, меѓутоа без успех, додека 21.3% кажале дека се задоволни само со тоа што успеале да се вработат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×