Истражување: Патувањето не’ прави попаметни и поздрави
Објавено на од во lifestyle

Во 21 век многу е тешко да се најде време за одмор. Притоа не се мисли на одмор за кафе од 20 минути, туку одмор од секојдневните задачи – и работни и домашни. Подолг или пократок одмор, кој ќе го искористите на патување. А токму патувањето не прави и попаметни и поздрави, покажуваат најновите истражувања.

Бројни студии веќе ја докажаа предноста од патувањето. Еве што истражувачите заклучиле – како патувањата влијаат на нашата креативност и нашето здравје:

Hike
  1. Патувањата ни ја поттикнуваат креативноста

Креативноста воглавно доаѓа од нови и интересни искуства. Но кога секој ден одите по ист пат на работа и слушате слични разговори во канцеларии, вашиот мозок се ограничува.

Професорот Адам Калински вели дека „патувањето во странство ја зголемува когнитивната флексибилност и поврзаност на мислите“. Тоа значи дека новите видици, мириси и звуци ја поттикнуваат креативноста во мозокот.

Многу креативни луѓе, како што се писателите Енест Хемигвеј и Марк Твен, ги користеле патувањата во странство како инспирација за пишување. Токму нивниот допир со различни култури им послужил како инспирација за одлична работа.

Патувањата во други земји, па дури и во други градови, ги шири нашите видици. Можете да пробате различна храна, да посетите знаменитости карактеристични за тие земји/градови, да се спријателите со локалното население или да се искачувате по планина. Доволно е да поминете и неколку дена во ново опкружување со цел креативноста да ви се зголеми. Но, со патувањето нема да станете само покреативни, туку и поздрави и посреќни.

  1. Патувањата ни го подобруваат здравјето

Нашето ментално здравје исто така значително се подобрува кога патуваме. Една студија предводена од U.S. Travel Association, открива дека патувањата, особено кај пензионерите, ја спречува појавата на деменција и појавата на Алцхајмерова болест.

Истата студија покажува дека 86% од испитаниците кои често патуваат биле задоволни од својот поглед кон светот, додека 75% од оние кои не патуваат биле задоволно од своите животни видици.

  1. Патувањето ни го зајакнува срцето

traveling-is-importantСтудијата на Framingham Heart открив дека луѓето кои не патуваат имаат поголем ризик од срцев удар за разлика од оние кои патуваат секоја година. Зошто? Затоа што луѓето се тргнуваат од својата работа и од секојдневието па се под помал стрес со што се намалува напорот на работата на срцето. Всушност, многу патници тврдат дека опуштеност и восхит ги прати дури и со недели откако ќе се вратат од патување.

  1. Патувањата не прават повитки

Ова е логично – оти патувањето е и физичка активност. Постојано сте во покрет; истражувате, панинарите или пак се шетате по плажа. Дишете свеж воздух и уживате во погледот. Дури и кога патувате со автобус, имате многу подобар поглед отколку само кога гледате во екранот.

  1. Патувањата не прават посреќни

Секако, самото тоа што сте на одмор е само по себе одлично, но целокупното искуство од активностите што сме ги правеле за време на патувањето исто така не прави поздрави.

Една студија од 2014 година покажува дека луѓето повеќе ги прави посреќни помислата на патување, отколку помислата да купуваат некои работи. Понатаму, една студија од 2002 година открила дека луѓето се најсреќни кога знаат дека ги очекува патување. Така, самиот чин на планирање на патување значајно ни го подобрува животот.

Се ова е многу логично. Само сетете се колку сте возбудени кога планирате патување. Забавно ви е дури и пакувањето на алишта како и објаснувањето на вашите пријатели и семејство за тоа каде ќе патувате. Сето тоа позитивно влијае на вашето ментално здравје.

Затоа, почнете со планирање – побарајте карти за посакуваната дестинација, спакувајте ги куферите, подгответе го пасошот и уживајте во предностите од патувањата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×