Истражување: По многу нешта денешна Русија наликува на онаа од 1917 година
Објавено на од во lifestyle

Ако се има предвид стариот руски календар, денеска би се навршиле 100 години откако Владимир Ленин и Болшевиците на јуриш го заземале Зимскиот дворец во Санкт Петербург и ја преземале власта. Секако, многу нешта се промениле оттогаш.

Но, не многу и на економски план, покажува истражувањето на Renaissance Capital, инвестициската банка активна во регионот. Според ова истражување, Русија од 1917, и оваа од 2017 година, имаат многу повеќе заеднички работи отколку што може да се очекува.

На пример, долгот. Во пресрет на Октомвриската револуција скоро третина од рускиот долг бил кај странци, а така е и денес.

Пред 2017 странците добивале 5-8% дивиденди од уделот во руски државни компании. Така е и денес.

Русија пред Советскиот сојуз заостанувала зад другите големи сили во индустриската моќ, но се споредувала со Бразил и Мексико, што, исто така, во голема мерка е исто како сега.

Суровините биле главниот адут на Русија пред 1917 година – околу две третини од извозот;и сѐ уште формираат две третини во 2017 година, вели Renaissance, која работи претежно со пазари во развој.

Русија и пред Октомвриската револуција била најголем извозник на жито, а математиките што ги направила банката велат дека така е и во периодот 2015-2017 година.

Инаку, за време на Советскиот сојуз се случила и големата индустријализација, а, според економистот на Renaissance, Чарли Робертсон, Русија би можела да постигне многу повеќе, ако револуцијата и Советскиот сојуз не го запреле развојот на современата економија.

„Русија била на позициите на Италија, се индустријализирала брзо како Јапонија и ја претркала Шпанија во првата половина на 20 век“, вели тој.

„Ако овој напредок се одржел, без … глад и повторувачка инвазија од странски непријатели, Русија би можела да биде многу понаселена, побогата и подемократска, отколку што е денес“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×