Истражување: Разликите меѓу начинот на кој времето го поминуваат богатите и останатите
Објавено на од во lifestyle

Колку парите влијаат врз животите на луѓето, врз социјалната интеракција – е прашањето што ги заинтригирало и ги натерало да го истражуваат експертите од Универзитетот во Минесота.

Меѓу резултатите од истражувањето е и тој дека богатите луѓе се понечувствителни и оти порано се повлекуваат од учеството во заеднички настани/дружења.

Експертите анализирале големи количини на податоци од тестови спроведени на дури 120.000 луѓе, пришто биле земени предвид приходите на домаќинствата на анкетираните, и колку често тие го поминуваат своето време со пријателите или со семејството.

Луѓето со повисоки приходи помалку време поминуваат дружејќи се со други луѓе, покажало истражувањето, а повеќе се во друштво на пријателите отколку на роднините.

Сепак, експертите од Универзитетот во Минесота предупредуваат да не се избрзува со заклучоци, дека, на пример, побогатите луѓе од „икс“ причини се поосамени, зашто да се сака да се биде сам и да се биде осамен се сосем различни нешта.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×