Италија ја испитува Владата на Рама за илегален увоз на отпад што требало да заврши во Македонија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Италијанскиот портал Планета Италија објави истражувачка сторија во која се тврди дека Владата на албанскиот премиер Еди Рама скришно увезла над 6.000 тони италијански отпад кои требало да бидат испорачани и уништени или складирани во депонијата Дрисла во Скопје. Откако Македонија забранила увоз на отпад за складирање во Дрисла во 2016 година, порталот пишува дека транспортот продолжил, но на потенцијално опасниот отпад трагата му се губи во Албанија.

„Документите со коишто располагаме кажуваат дека во 2016 година најмалку илјада и триста  контејнери од по 22 тона, коишто официјално биле упатени во депонијата Дрисла, во Mакедонија, не ја преминале границата. Истоварени во пристаништето Драч, во Албанија, каде биле испорачани од пристаништето Џоја Тауро во Италија, во истражувачката сторија се наведува дека е можно да се работи за опасен или индустриски отпад, кој по забраната за увоз на ваков отпад во Македонија, скришно и илегално бил депониран некаде во Албанија“

„Во Италија моментално сметаат дека првата транша изнесувала 1.300 исчезнати контејнери. Тие биле истоварени во Драч, што се гледа од листите, но потоа буквално исчезнале”, пишува во сторијата. Италијанскиот јавен обвинител Адриатик Лала, кој од неодамна е во отворена политичка војна со Владата на Еди Рама, се сретнал со италијанскиот обвинител задолжен за борба против мафијата Франко Роберти, при што биле испитувани и мафијашките врски во складирањето на отпад во Албанија, во илегални депонии кои не се приспособени за вакви цели.

Поради тоа, била поведена истрага во соработка со италијанската Амбасада во Македонија, при што се утврдило дека контејнери со отпад кои биле испорачани кон Македонија никогаш не пристигнале до Дрисла, што отворило сомнеж дека исчезнале во Албанија.

„Истрагата што ја водеше италијанската полиција утврди дека постои можност отпадот да бил закопан под земја во Албанија. Според информациите со кои располагаме, се чини дека Албанија е замешана во бизнисот со отпад. Во некои региони, овој отпад се крие или едноставно се запалува. Честопати, освен вообичаениот, во Албанија илегално се складира и опасен отпад. Резултатите мора да се објават, бидејќи Италија е директно обвинета од Европа дека извезува отпад, понекогаш и опасен отпад, во балканските земји. Постои и легален извоз, но во 2016 година Македонија забрани влегување на контејнери со потекло од Италија, а без нивно пренесување до Дрисла се губи можноста за остварување на големи профити”, пишува Планет Италија.

Во статијата се наведува и дека премиерот Рама во 2016 година поддржал олеснување на законот за увоз на отпад во земјата, на што силно се спротивставиле политичари и здруженија загрижени за заштита на животната средина. Ова отвора сомнеж дека Рама се обидел да ја претвори неговата држава во дива депонија за италијански смет.

One thought on “Италија ја испитува Владата на Рама за илегален увоз на отпад што требало да заврши во Македонија

  1. А да посочевте и изворен линк од италијанскиот портал? Сам не успевам да пронајдам.

    Фала.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×