Италија остана без евро, бара нов начин да си ги плати сметките
Објавено на од во Економија
Долгот на Италија е 132% од бруто домашниот производ и ќе се зголеми на 135% следната година. Меѓу развиените земји, само Грција и Јапонија се повеќе задолжени.
salvini (1)Популистичките лидери во Италија разговараат за исплата на доставувачите во јавниот сектор со IOU – неформален документ, чие име доаѓа од I Owe You (ти должам). Тоа е првиот чекор во планот на евроскептиците во создавањето на нова валута во случај земјата да одлучи да ја напушти монетарната унија, пишува The Wall Street Journal.
Претседателите на Лигата и 5 ѕвезди разговараат за идејата за плаќање со IOU во мали деноминации од 50 евра.
“Алатката може да биде разгледана … тоа е предлог. Но итната потреба да се платат заостанатите десетици милијарди евра треба да е јасна на сите”, вели Матео Салвини, претседател на “Лига”.
Министерот за финансии Џовани Трија кој не членува во ниту една од двете партии, се обиде да ја спречи дискусијата, велејќи дека оваа алатка ќе биде или незаконска паралелна валута или едноставно дополнителен владин долг во момент во кој Рим не успева да го намали дефицитот.
Двете владејачки партии бараат начин да ја стимулираат стагнацијата на економијата и се обидуваат да ги заобиколат правилата на Европската Унија, која го ограничува земањето на заеми. Оваа недела, двете формации велат дека Италија нема намера да го напушти еврото, но долго време ја критикуваше единствената валута за бавниот раст.
Контроверзната идеја беше споменат во коалицискиот договор пред една година. Но дискусијата заживеа сега, бидејќи Рим се најде во расчекор меѓу ветувањата за огромни јавни расходи, дадени пред гласачите, слаба економија и притисок од ЕУ да го намали зголемениот државен долг.
Минатата недела Европската комисија повика на дисциплински мерки против Италија поради неуспехот да се усогласат со фискалните правила. Долгот на Италија е 132% од бруто домашниот производ и ќе се зголеми на 135% следната година. Меѓу развиените земји, само Грција и Јапонија се повеќе задолжени.
Претседателот на 5-ѕвезда, Луиџи ди Мајо, увери дека IOY не претставува чекор кон елиминирање на еврото, туку едноставно е идејата за плаќање на заостанати долгови. Бизнисот во Италија долго време ги обвинува властите дека не ги плаќаат сметките и им се заканува банкрот. До крајот на минатата година, Рим должеше 53 милијарди евра на приватниот сектор.
Владата не објасни како ќе работи новата алатка. Во предлогот се вели дека ќе има мали деноминации, како што се 50 и 100 евра,  нема да има камата и нема да има рок на плаќање. Една идеја е бизнисот да ги плати сметките и даноците преку IOY. Критичарите, сепак, истакнуваат дека ова ќе го донесе инструментот опасно блиску до пари, што би било нелегално.
Минатата недела, претседателот на Европската централна банка Марио Драги, исто така, истакна дека опциите се две: тоа е или нелегално или долг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×