Италија влезе во рецесија, еврозоната во паника
Објавено на од во Економија

Бруто домашниот производ на Италија паднал два квартали по ред во втората половина на 2018 година, што технички значи дека земјата влегла во рецесија. 

 

Бруто домашниот производ на Италија, третата по големина економија на еврозоната и членка на Г7, паднал во четвртиот квартал од 2018-та година за 0,2% во однос на претходниот квартал, соопштила денеска италијанската канцеларија за статистика.

Тоа значи дека после паѓањето на БДП од 0,1% во третиот квартал во 2018-та година, Италија влегла во техничка рецесија, која по дефиниција настанува кога ќе се забележат два последователни квартали со економски пад.

Италијанската економија, како што наведува АР, е потресена поради недовербата и лоша деловна активност, после спорот на новата популистичка влада со Европската комисија околу буџетските планови на таа земја.

Рецесијата во Италија, исто така влијаела и на пошироката економска еврозона, чијашто економија во последните 3 месеци во 2018-та година се зголемила за само 0,2%, исто како и во претходното тромесечие. Во Брисел се загрижени дека лошите ефекти од италијанската рецесија допрва ќе се чувствваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×