Италија засега ги избегна санкциите од ЕУ за својот долг
Објавено на од во Економија
Европската комисија ја повлече заканата за дисциплинска постапка против Италија, откако Рим презеде активности за да го регулира растечкиот долг во рамките на дозволеното според фискалните правила на блокот, пренесе “Ројтерс”.
salvini-eu-e1540746180879Брисел рече дека од Италија се очекува оваа година да се придржува на Пактот за стабилност и раст. Исто така, истакна дека Владата презела дополнителни напори за да се компензира делумно влошувањето на структуралниот баланс во 2018. Комесарот за економски прашања, Пјер Московичи рече дека Брисел сака да се истражат сите информации од Италија за нејзините јавни финансии пред да донесе конечната одлука.
Комисијата освен тоа ја повика Италија да го почитува својата обврска да подготви буџет за 2020 година во согласност со фискалните правила на ЕУ, за да се избегне дополнителна несигурност, и мора да биде доставен до ЕК до 15 октомври.
Претходно Рим најави нови шестмесечни податоци кои покажуваат дека очекуваниот за 2019 година дефицит ќе биде околу 7 милијарди евра помалку отколку што се сметаше во април, благодарение на пониските од очекуваното трошоци и повисоките приходи. Владата, исто така, подготвува декрет за намалување на буџетскиот дефицит во 2020 година.
Еврокомисијата, која ги контролира буџетските планови на 28-те земји членки, објави дека италијанскиот долг бил 132.2% од бруто домашниот производ на земјата во 2018 година, што е повеќе од двојно во однос на ограничувањето од 60%, дефинирано од ЕУ, и затоа првично препорача да се започне со кривична постапка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×