Обвинителството во Италија води истрага за перење пари против синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Билал. Обвиненијата се дека прошверцувал големи количини пари во Италија. Истрагата е почната откако турски бизнисмен кој е политички противник на Ердоган, и е прогонет од Турција, Мурат Хакан Узан, побарал од италијанските власти да се позанимаваат со таканаречената „операција за бегство“ од Турција во Италија на Билал.
Узан навел дека Билал слетал во Италија со голема количина пари и со тим наоружани телохранители, на кои прво им било оневозможено влегувањето во земјата, но брзо потоа им се доделени турски дипломатски пасоши.
Синот на Ердоган се пресели во Болоња во август лани, официјално за да ги заврши докторските студии, но антивладините политички сили во Турција обвинуваат дека причината за селидбата е бегство поради вмешаност во корупциски скандал.