Итна седница на британската Влада, Иран се закани со ескалација
Објавено на од во Политика
Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе претседава со итната седница на британската Влада на која ќе се дискутира за одговорот што треба да му се испрати на Иран по запленувањето на танкерот со нафта под британско знаме во Ормутскиот теснец.
ормутскиКако што пренесуават британските медиуми, на состанокот министрите ќе  расправаaт за тоа како да се обеебеди сигурна пловидба во овој чуствителен регион, што е од витално значење за светското снабдување со нафта.
Се очекува по седницата министерот за надворешни работи Џереми Хант да го извести Парламентот за запленувањето на танкерот „Стена имперо“, што се случи во петокот, во добро обезбеденото иранско пристаниште.
Велика Британија разгледува повеќе опции за засилување на притисокот врз Иран, но официјални претставници наведуваат дека воена операција во моментов не се разгледува.
Велика Британија, исто така, бара дипломатска и оперативна поддршка од своите клучни европски сојузници во инсистирањето Ормутскиот тесенц да се задржи отворен за пловење.
Иран ја предупреди Велика Британија на можноста од ескалација на тензиите во Заливот
Иранскиот амбасадор во Велика Британија, Хамид Бединеџад, предупреди на можноста од ескалација на тензиите во Заливот бидејќи британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста од воведување санкции кон Техеран, како одговор на тоа што Иран заплени британски танкер со нафта во Ормутскиот теснец.
Велика Британија претходно запленетиот танкер во Ормутскиот теснец го нарече „непријателски чин“
Бединеџад на Твитер објави дека „ Британија мора да ги смири оние политички сили кои сакаат ескалација на тензиите, многу поголема од прашањето на запленувањето на танкерот“,  како и дека „моментумот во регионот е многу опасен и чуствителен“ и дека „Иран е подготвен на различни сценарија“, јавија британските меидуми.
Британскиот министер за одбрана Тобијас Елвуд не ја исклучува можноста од воведување санкции кон Техеран.
„Сега мораме да се погрижиме да го решиме прашањето на запленетиот брод  и да овозможиме бродовите под британско знаме безбедно да пловат во овие води“, рече Елвуд за „скај њуз“.
Тој додаде дека се разгледуваат различни одговори кон Техеран , меѓу кои се и санкциите и дека Лондон за тоа ќе разговара со сојузниците.
Британскиот шеф на дипломатијата Џереми Хант синоќа во телефонски разговор со својот ирански колега Мохамед Џавад Зариф изрази „екстремна разочараност“ заради запленувањето на танкерот со нафта во Ормутскиот теснец, додека Зарафи му пренел дека танкерот ги прекршеиол поморските правила и дека мора да мине предвидениот правен процес.
Иранската Револуционерна гарда во петокот го пресретна и заплени танкерот „Стена имперо“, додека на него се наоѓаа 23 членови на екипажот, а во меѓувреме Иран сооошти дека сите морнари се добри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×