Иван Крастев: Ако не се реши украинскиот конфликт, можна е дестабилизација на Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

“Една од многу реалните можности која ќе се случи при нерешавање на украинскиот конфликт е создавање на конфликт и дестабилизација на други делови од Европа. Не станува збор за воена дестабилизација, но станува збор за економска, политичка и социјална дестабилизација. Од таа гледна точка, за жал, Балканот е слабата страна на Европа”, пишува Иван Крастев, претседател на Центарот за либерални стратегии и член на Европскиот совет за внатрешна политика во својата статија објавена во Фајненшл Тајмс.

Според мислењето на Крастев, Балканот би можел да стане „простор за игрите“ на Москва, бидејќи нејзиниот маневарски простор во Заедницата на независни држави е намален, а потребно е да се изврши притисок врз Европа.

„Контролирана криза на Балканот би ѝ дала на Русија адути во преговорите, додека своето учество во сето тоа Русија би можело да го порекне“, смета Крастев. Тој ги наведува можните сценарија. Прво – руските компании можат да повлекуваат средства од локалните банки, што би довело до „масовно банкротство и народни немири, а тоа би довело и до нестабилност кај прозападните власти“ во регионот. Второ можно сценарио е давање поддршка на Република Српски во нејзините намери да се одвои од Босна, при што ќе дојде до опасност од распаѓање на државата и војна”,смета Крастев.

Овој бугарскиот политиколог смета дека балканските тајкуни се поврзани со Русија и дека економијата на регионот е голем зависник од рускиот гас и нафта.

Според Крастев, Бугарија има важна улога како ќе одигра во оваа ситуација, бидејќи евентуална дестабилизација на регионот негативно ќе се одрази врз Бугарија, независно од тоа какви политики се прават или не се прават во земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×