Иван Штериев: Пазарот нуди различни опции за прибирање капитал
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Steriev10Иван Штериев
извршен директор на Македонска берза

Ние во Македонија и во регионов сè уште немаме конзистентен образец акционерските друштва периодично да излегуваат на берза. Оттука, креирање на окружување во кое некои компании повремено ќе решат да излезат на јавниот берзански пазар, на сите регионални берзи им останува стратешка цел. Тоа очигледно ќе биде долг процес. Во таа насока Македонска берза наскоро почнува со иновативната crowdfunding платформа 
Funderbeam, за финансирање на развојот на стартапи.
На отворањето на 20. Годишна конференција на Македонската берза, традиционално свое обраќање имаше и извршниот директор на Берзата, Иван Штериев, при што првин се осврна на резултатите на оваа институција минатата година, како и околу факторите што влијаат на берзанските случувања годинава.
„Минатата 2018 година беше доста успешна за Берзата, а по повеќе параметри и најдобра во последната деценија. Остварениот промет во првиот квартал годинава, при тргување со акции во БЕСТ системот, е на приближно исто ниво како лани. Позначајни надолни отстапувања има кај тргувањето со обврзници и блок трансакциите, но има и логични објаснувања за тоа (ланските многу големи блок трансакции кај банките и двете последователни котации на обврзници за денационализација). Ценовната перформанса на МБИ 10 во 2019 година засега е нешто под 6% во плус, после три претходни години во кој индексот континуирано се зголемуваше со двоцифрени проценти. Неодамна објавените неревидирани финансиски извештаи на котираните компании за 2018 година покажуваат дека нивната вкупна добивка е а 26% повисока од претходната година, иако во последниот квартал лани позитивната динамика како да се намалува.
Објективно, пазарот во целина денес се наоѓа во ситуација кога не се знае дали може добриот резултат брзо да се подобри или пак некои лимити засега се веќе достигнати. Ќе видиме дали изразениот оптимизам кај инвеститорите од минатата година ќе продолжи, дали ќе се појават некои нови инвеститори, и домашни и странски. Мора да се нагласи дека пазарот е прилично плиток. Воедно, структурата на инвеститорите последниве неколку години се темели првенствено на домашни физички лица. Оттука, карактеристика на нашиот пазар е немање јасно изразени „одредувачи на цени“ (т.н. price setters), каква што е праксата на развиените пазари, односно повеќе институционални инвеститори кои врз основа на темелна анализа ги формираат цените. Многу е битно дали позитивните неекономски случувања, како што е влезот во НАТО, очекуваниот почеток на преговорите со ЕУ и сл., ќе привлечат странски портфолио инвеститори на берзата кои веќе подолго време ни недостигаат.“, рече Штериев.
Тој заклучи дека потенцијал за уште една добра берзанска година постои, односно, дека очекувањата на инвеститорите се сè уште позитивни, фундаментите на котираните компании се добри, но треба да се исполнат и некои други предуслови. „Времето ќе го каже своето. Истовремено, прудентно е да се нагласи дека токму нараснатите очекувања генерирани од неекономските случувања, доколку се надминат определени рационални рамки, може да се трансформираат во ризичен фактор.“
Нови проекти за промоција на концептот за финансирање на бизнисите преку Берзата
Штериев упати и неколку клучни пораки во своето воведно обраќање.
„Прво, дека остануваме промотори на концептот за финансирање на бизнисите преку Берзата, на дежурната тема за IPO-а. Сметаме дека додека не дојдеме во ситуација да ни се појавуваат неколку вакви емисии годишно не сме постигнале суштински квалитетен развој како пазар. Ние во Македонија и во регионов сè уште немаме конзистентен образец акционерските друштва периодично да излегуваат на берза. Берзанскиот материјал е сè уште главно производ на приватизацијата. Оттука, креирање на окружување во кое некои компании повремено ќе решат да излезат на јавниот берзански пазар (да направат т.н. going public), на сите регионални берзи им останува стратешка цел. Колку и да е ова зборувано, заложбите во овој правец мора да продолжат и понатаму. Тоа, очигледно, ќе биде долг процес.
Скоро, инициравме проект, со поддршка на Министерството за економија, чијашто цел е да се обезбедат средства со кои на домашните компании што ќе се охрабрат да направат IPO и да котираат на берза ќе им бидат надоместени трошоците поврзани со овој процес. Примерот за овој проект ни е една функционална шема во Бугарија. На овој начин ќе се обидеме да ја отстраниме трошочната пречка што компаниите кои размислуваат да се трансформираат и да котираат на берза често ја истакнуваат.

Пазарот во целина денес се наоѓа во ситуација кога не се знае дали може добриот резултат брзо да се подобри или пак некои лимити засега се веќе достигнати. Ќе видиме дали изразениот оптимизам кај инвеститорите од минатата година ќе продолжи, дали ќе се појават некои нови инвеститори, и домашни и странски. Многу е битно дали позитивните неекономски случувања, како што е влезот во НАТО, очекуваниот почеток на преговорите со ЕУ и сл., ќе привлечат странски портфолио инвеститори на берзата кои веќе подолго време ни недостигаат.

Во овој контекст, издавањето на т.н. перпетуална обврзница од страна на една домашна банка пред извесно време може и треба да даде сигнал кон сите потенцијални емитенти дека со одредена доза на креативност може да се дизајнираат финансиски инструменти што на кој било издавач можат да му помогнат во остварување на неговите краткорочни и/или долгорочни бизнис цели. Ова е потврда дека пазарот на хартии од вредност може да се искористи за прибирање нов капитал и дека нуди различни опции.
Второ, годинава ќе бидеме дел од еден нов проект на Европската банка за обнова и развој. Успеавме да ја вклучиме Македонија помеѓу шест држави од регионот што ќе бидат учесници во проектот. Станува збор за т.н. research coverage на котираните компании. Експерти од оваа област ангажирани од ЕБРД ќе изготвуваат и публикуваат анализи и инвестициски препораки за избрани котирани компании на шест берзи. Вакви анализи, на систематски начин, досега никогаш не се правеле кај нас. Ова ќе има влијание на состојбите што веќе ги спомнав, односно подобрување на процесот на формирање на пазарните цени. Инвеститорите на нашата берза конечно ќе добијат анализи и препораки за инвестирање, односно дали некои акции да ги продадат, купат или чуваат. Кон крајот на оваа година, на квартално ниво, на сајтот на SEELink (нашата заедничка компанија со берзите од Софија и Загреб) ќе може да се добијат анализи и инвестициски препораки за главните македонски котирани компании. Овие анализи наредните две години ќе бидат бесплатно достапни, а верувам ќе поттикнат и некои домашни финансиски институции да почнат да се бават со оваа важна активност во иднина.
Набрзо иновативно crowdfunding финансирање на стартапи
Трето, Македонска берза споделува иста стратешка визија со неколку други берзи од регионов – да ја прошири лепезата на услуги и да понуди можности за пазарно финансирање на компаниите во сите фази од нивниот животен развој. Од нивното основање до формирање на акционерско друштво како најкомплексен организационен облик. Колоквијално кажано берзата сака да биде нешто како матичен финансиски доктор – што и да ви треба ќе ви даде упат каде и како. Секако, примарна определба останува да се привлечат акционерски друштва на берзанска котација, на најпрестижниот пазарен сегмент. Но, истовремено ќе го понудиме пазарниот концепт на финансирање и на малите компании. Со оглед дека во земјава нема функционални crowdfunding платформи, решивме да го примениме искуството од Хрватска. Таму Загрепската берза пред неколку години почна да соработува со иновативната меѓународна crowdfunding платформа на групацијата Funderbeam Market Limited. Ќе се обидеме да идентификуваме стартапи, но и позрели компании, што би можеле да приберат нов капитал преку оваа шема на колективно финансирање. Шемата овозможува пристап до инвеститори во над 100 земји, со што малите македонските компании ќе можат да се поврзат со глобалната инвеститорска сцена. Изминатите неколку месеци потпишавме ексклузивен договор со Funderbeam, обезбедивме поддршка од УСАИД, во рамки на нивниот Проект за развој на деловниот екосистем, потпишавме Меморандум за соработка со Фондот за иновации и технолошки развој. Завршните подготовки и регулативни усогласувања се во тек и очекуваме некаде после годишните одмори оваа платформа да биде оперативна и на македонскиот пазар.
Четврто, неодамна Советот за развој на пазарот на капитал, кој функционира под покровителство и водство на Министерството за финансии, заклучи дека е потребно да се изработи детална стратегија што ќе ги утврди приоритетите за развој на пазарот, за потоа сите стејкхолдери да преземат активности во различни области – соодветно усогласување на законите со европската регулатива, што понатаму со задолжителната котација (истата престанува во 2020 година), секогаш сензитивните даночни и пензиски прашања, унапредување на корпоративно управување и правата на малцинските акционери, финансиската едукација, евентуална приватизација и котација на државни компании итн. Берзата смета дека ваква стратегија е извонредно важна и максимално ќе придонесе во овој процес. Нема дилеми дека е време да формулираме една сеопфатна стратегија за тоа каде сакаме да биде пазарот на среден и долг рок. “, рече Штериев.

 


06logoМакедонска берза стана членка на Иницијативата за одржливи берзи

Директорот на Берзата, Иван Штериев, информираше и дека пред неколку недели Македонска берза стана членка на Иницијативата за одржливи берзи (Sustainable Stock Exchanges Initiative). Оваа Иницијатива е формирана од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации и има за цел градење и подобрување на капацитетите на берзите и регулаторите, промоција на одговорно вложување во компании со одржлив развој и унапредување на корпоративното однесување во доменот на заштитата на животната средина и општествената одговорност.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×