Иванов денеска ќе има поединечни средби со сите лидери на парламентарните партии
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе има поединечни средби со лидерите политичките партии, на своја иницијатива, а по неуспехот на мандатарот Никола Груевски да договори влада во предвидениот рок со Уставот.

Од кабинетот на Иванов соопштија дека првата средба, во 12 часот, е со претседателот на БЕСА, Билал Касами, во 13 часот со претставници на Алијансата за Албанците, во 14 часот со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во 16 часот со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, биле поканети и претставници на ДПА.

Од Иванов се очекува одлука што ќе прави понатаму со мандатот за составување влада, откако Груевски беше принуден да му го врати.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×